Компанијата ЗЕГИН спонзор на концертите на Влатко Стефановски

Компанијата ЗЕГИН спонзор на концертите на Влатко Стефановски
Компанијата Зегин како долгогодишен подржувач на македонската музика, годинава е еден од генералните спонзори на трите концерти на нашиот најпознат гитарист Влатко Стефановски.
Во ноември минатата година, Стефановски го издаде својот 33. албум насловен „Мајчин јазик”. Ова е првиот акустичен албум во неговата кариера, и веднаш по издавањето се здоби со неподелени позитивни критики од балканските музички критичари и медиуми. На концертите гитаристот за првпат пред македонската публика ќе го претстави новиот материјал. Тие ќе претставуваат заокружување на еден артистички период и израз во кариерата на Стефановски.
Специјални гости на концертите ќе бидат балканската етно дива Биља Крстиќ, оперската дива Весна Гиновска Илкова и членовите на групата Љубојна, Вера Милошевска и Оливер Јосифовски. Концертите ќе се одржат во големата сала на Македонсктата филхармонија во Скопје.