ANALGIN таблети 500 x 500 mg

Zoom
 

Состав

metamizole sodium 500 mg

Фармацевтска форма

таблети
Дејство

Пиразолонски дериват кој припаѓа на групата ненаркотични аналгетици и антипиретици. Има силно аналгетично, антипиретично, антиинфламаторно и спазмолитично дејство. Ефектите на метамизолот се оставаруваат преку централни и периферни механизми. Во аналгетични дози тој предизвикува депресија на чувството за болка во централниот нервен систем, а на периферијата ја инхибира синтезата на простагландините и ја намалува осетливоста на ноцицепторите кон другите медијатори, како што се брадикининот и хистаминот.
Индикации

Силни болки од различно потекло: главоболка, забоболка, невралгии на n. trigeminus, herpes zoster, лумбаго, ишијалгија, болки кај акутен и кај хроничен ревматизам, болки кај вонзглобен ревматизам, мускулни болки, болки после траума, постоперативни болки, болки кај малигни заболувања, ренални и билијарни колики;
Фебрилни состојби, посебно доколку не реагираат на терапија со други лекови.
Пакување

Кутија со 500 таблети од 500 mg
Регулаторен статус

ОТЦ