ACEROLA 30 таблети x 500 mg

Zoom
 

 

АЦЕРОЛА АЛКАЛОИД® таблетите за џвакање од 500 mg се наменети за возрасната популација. Се препорачуваат од 1 до 2 таблети на ден од 500 mg за превенција. Имаат пријатен вкус на шумско овошје, без додаден шеќер и вештачки засладувачи. Пакувањето содржи 30 таблети, а заштитата на витаминот Ц од влага се обезбедува преку посебна капсула за сушење, вметната во пакувањето.


Фармацевтска форма

таблети за џвакање


Дејство

Аскорбинската киселина ( витамин Ц) учествува во разни метаболни процеси во организмот и е потребна за одржување нормална метаболна функција.


Индикации

Превенција и лекување при дефицит на витамин Ц (хиповитаминоза и скорбут);
Состојби со зголемени потребите од витамин Ц (хемодијализа, неоплазми, склоност кон крвавење, зголемена телесна температура, по хируршки интревенции, рани и изгореници кои тешко зараснуваат, железо-дефицитна анемија, метхемоглобинемија, во период на растење, замор, диетална исхрана сиромашна со витамин Ц.


Дозирање

деца во предучилишна возраст ( 1-6 години) - 50 mg
деца во училишна возраст (над 6 години) - 180 mg
возрасни - 500 mg


Пакување

30 таблети во пластичен контејнер, во кутија


Регулаторен статус

ОТЦ