ACEROLA 30 таблети x 180 mg

Zoom
 

АЦЕРОЛА АЛКАЛОИД® таблетите за џвакање од 180 mg се наменети за деца на школска возраст, над 6 години. Лекарите препорачуваат од 1 до 3 таблети од 180 mg на ден за превенција. Таблетите имаат пријатен вкус на портокал и исто така не содржат шеќер ниту вештачки засладувачи. Пакувањето содржи 30 таблети, а заштитата на витаминот Ц од влага се обезбедува преку посебна капсула за сушење, вметната во пакувањето.

Фармацевтска форма

таблети за џвакање


Дејство

Аскорбинската киселина ( витамин Ц) учествува во разни метаболни процеси во организмот и е потребна за одржување нормална метаболна функција.


Индикации

Превенција и лекување при дефицит на витамин Ц (хиповитаминоза и скорбут);
Состојби со зголемени потребите од витамин Ц (хемодијализа, неоплазми, склоност кон крвавење, зголемена телесна температура, по хируршки интревенции, рани и изгореници кои тешко зараснуваат, железо-дефицитна анемија, метхемоглобинемија, во период на растење, замор, диетална исхрана сиромашна со витамин Ц.


Дозирање

деца во предучилишна возраст ( 1-6 години) - 50 mg
деца во училишна возраст (над 6 години) - 180 mg
возрасни - 500 mg


Пакување

30 таблети во пластичен контејнер, во кутија


Регулаторен статус

ОТЦ