Bioagros


Biosaurus Popped / Биосаурус-органски пченкарен чипс со морска сол - без глутен, 25g
Одличен избор за сите љубители на крцкави закуски кои внимаваат на глутенот!
Органски крцкав чипс без глутен и погоден за вегани.
Во својот состав содржи брашно од жолта и виолетова пченка, брашно од леќа, сончогледово масло, компиров скроб и брашно од компир.

Biosaurus Popped / Биосаурус-органски пченкарен чипс со начос сирење-без глутен, 25g
Органски сертифициран производ без глутен и погоден за вегани.
Подготвен од 88% органско брашно од пченка, зачинето начос сирење и сончогледово масло.
Одлична закуска за друштво и забава за сите возрасти. Направете ги роденденските прослави, гледањето на филм и следењето на спорт пред вашите телевизиски екрани поинтересни!

Smart Snack - органско мусли фитнес, 50g
Органско мусли, мешавина од житни снегулки и суво овошје, со ниска содржина на масти и заситени масни киселини.
Одлично за правилна дигестија поради високата содржина на растителни влакна.
Во својот состав содржи органски снегулки од трици (интегрална пченица, пченични трици, екстракт од јачменов слад и сол), корнфлекс без шеќер, бело суво грозје султана, суви урми, суви смокви, суви кајсии и суви сливи.
Практично пакување во чашка за една употреба.
Едноставно и брзо подготвување: потопете ја содржината на чашката со саканата количина од вашиот омилен напиток (млеко, сок, растително млеко или јогурт), оставете да одстои 5-10 минути по желба и оброкот е готов!

Smart Snack - органско мусли со овошје и јаткасти плодови, 70g
Органско мусли, мешавина од житни снегулки, семиња, суво овошје и јаткасти плодови.
Вкусен оброк со ниска содржина на масти и заситени масни киселини и високата содржина на растителни влакна.
Се состои од органски овесни и `ржани снегулки, корнфлекс, ленено семе, семки од сончоглед и тиква, бадеми, лешници, бело суво грозје султана и кокос.
Едноставно и брзо подготвување: потопете ја содржината на чашката со саканата количина од вашиот омилен напиток (млеко, сок, растително млеко или јогурт), оставете да одстои 5-10 минути по желба и оброкот е готов!

Smart Snack - органска чоколадна гранола, 70g
Органска чоколадна гранола со висока содржина на влакна. Одличен избор на здрав оброк за љубителите на чоколадо!
Подготвена е од органски овесни и пченични снегулки, термички третирано брашно од спелта, експандирана дурум пченица, експандирана киноа, експандирано просо, шеќер од шеќерна трска, чоколадни парчиња, семки од сончоглед, прегорен шеќер и сол.
Едноставно и брзо подготвување: потопете ја содржината на чашката со саканата количина од вашиот омилен напиток (млеко, сок, растително млеко или овошен јогурт), оставете да одстои 5-10 минути по желба и оброкот е готов!