Bioagros SA - органски производи

Bioagros SA е реномирана грчка компанија во чиј асортимам можат да се најде богат избор на органски производи од категориите на:
- Органски житараки и мешунки
- Органски брашна
- Органска супер храна
- Органско суво овошје
- Органски снегулки од житарки
- Природни засладувачи
- Органски напитоци .....
..... и многу други висококвалитетни производи...кои може да ги набавите во нашите продажни места
Стевиал - засладувач од стевиа со еритритол, 100g
- Zoom
- STEVIA
5 пати посладок од шеќерот
0 калории
Слаткиот вкус на стевиата потекнува од гликозидите кои како издвоени соединенија при нејзина екстракција, имаат 250-300 пати поголема сладост од обичниот шеќер.
Органски Амарант, 500 g
- Zoom
- amarant
Органски сертифициран производ
Aмарантот е псевдожитарка и се употребува на ист начин како и сите други житни растенија. По изглед слична е на просото и се наоѓа на врвот на пирамидата за исхрана, бидејќи е супериорна по своите хранливи вредности во споредба со сите другите житарки.
Органски шеќер од кокос, 250 g
- Zoom
- seker
Органски сертифициран производ
Шеќерот се добива од цветовите на кокос и се користи како природен засладувач. Поминува процес на минимална обработка и не содржи конзерванси. Содржи витамини Б1 и Ц и минерали калиум и железо.
Кокосовиот шеќер се произведува од сокот на кокосовата палма. Може да се употребува како засладувач на кафе и топло чоколадо, за глазури и правење на различни видови на слатки давајќи им посебен вкус.
SUPER NUTRIENTS органска хлорела, 100 g
- Zoom
- hlorela
Органски сертифициран производ
Хлорелата или супер храна е едноклеточна зелена алга која е богата со зелениот пигмент хлорофил, протеини, железо, витамини, минерали, витамин Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, Е и бета каротен.
Употреба: растворете една до две лажички дневно во чаша вода или сок. По желба можете да ја комбинирате со разни видови на шејкови.
Салеп Аладин - без шеќер, 84 g (7 ќесички х 12g)
- Zoom
- salep aladin bez seker
Салепот се добива со мелење на сушени луковици од планински орхидеи од родот на Orchis (Orchis mascula, Orchis militaris), се подготвува така што се попаруваат со врела вода, за да се отстранат остатоците, се сушат и мелат.
Салепот бил популарен пијалок во Западна Европа, а познат е и од дамнешни времиња и се среќава во записите на Хипократ, Ескулаб, Теофрастус.
Од него може да се подготви топол вкусен напиток кој благопријатно делува во студените зимски денови. Традиционално се употребува при настинка.
Салеп Аладин – со зачини, 84 g (7 ќесички х 12g)
- Zoom
- salep aladin so zacini
Висококвалитетен салеп збогатен со зачини, со посебен пријатен вкус и мирис.
Комбинација на салеп со цимет, каранфилче, ѓумбир и морско оревче во единствен сооднос. Топол напиток за вистинско уживање во ладните зимски денови.Традиционално се употребува при настинки.
Органски грав-медиум, 500 g
- Zoom
- grav
Органски сертифициран производ
Гравот спаѓа во групата на мешункасти растенија.
Извор е на протеини и растителни влакна.
Од него се подготвуваат познатите македонски традиционални јадења.
Органско гравче за вкусно македонско тавче!
Органски ситен грав-цацар, 500gr
- Zoom
- grav2
Органски сертифициран производ
За љубителите на вкусниот ситнозрнест грав цацар
Извор на протеини и растителни влакна.
Спој на органското производство со традицијата.
Единствен вкус.
Органско какао во зрно, 150 g
- Zoom
- kakao
Органски сертифициран производ
Какаото е едно од најконзумираните производи во светот. Древните цивилизации го сметале за храна на боговите, поради неговите несекојдневни плодови.
Предлог рецепт: Органско домашно чоколадо
Органските какао изблендирајте ги на крупно измешајте ги со органскиот мелениот рогач. Додадете го кокосовото масло кое треба да е на собна температура. Органските урми ставете ги во блендер заедно со органските гоџи бобинките. Изблендирајте ги и измешајте ги со останатите состојки. Органските оревите и лешниците изблендирајте ги поединечно исто на покрупни парчиња. Измешајте ги и нив со останатите состојки. Формирајте плочка од самата мешавина и ставете ја во фрижидер да се стегне околу 1 час. Исечете го суровото чоколадо на помали парчиња и послужете го ладно.
SUPER NUTRIENTS- органско зелено кафе во зрнa, 150 g
- Zoom
- supertrofes-kafe
Органски сертифициран производ
Зеленото кафе потекнува од Перу, каде се култивира на надморска височина од 1400-1900 метри, во Ел Паломар, област позната по квалитетот на кафето.
Всушност, зрната од зелено кафе се зрна од свежо кафе. Со процесот на печење на кафето количината на хлорогенска киселина драстично се намалува. Хлорогенската киселина помага за намалување на телесната тежина.
Органски суви смокви, 250 g
- Zoom
- suvi-smokvi
Органски сертифициран производ
Суви смокви категорија А
Висококвалитетни смокви одгледувани во областа Таксиархис Евиа - Грција и сушени на традиционален начин. Зрелите смокви се берат рачно секојдневно и потоа се ставаат во мрежи на висина од 1 метар над земјата. На овој начин се сушат на сонце 8-10 дена, зависно од временските услови, до саканиот степен на содржина на влага.
Органско црно суво грозје, 200 g
- Zoom
- suvo-grozje
Органски сертифициран производ
Од областа Коринт-Грција
Сушењето на грозјето е инвентивна постапка која овозможува задржување на карактеристиките на грозјето и негово користење не само во летната сезона. Сувото грозје природно содржи железо, калиум и растителни влакна.
Органско бело суво грозје-султана, 200 g
- Zoom
- belo-grozje
Oргански сертифициран производ
Од областа Коринт-Грција
Сувото бело грозје султана природно содржи железо, калиум и растителни влакна.
Органски сусам, 350 g
- Zoom
- susam
Органски сертифициран производ