IMUKAN KIDS

Image IMUKAN KIDS

IMUKAN ФОРМУЛА ЗА ДЕЦА СО ВКУС НА ДИВА ЈАГОДА + ВИТАМИН Ц

Една дневна доза (5 ml) една лажичка сируп обезбедува:

• 30 mg - Betox-93® (високо чист бета 1,3/1,6-Д-глукан)

• 30 mg - витамин Ц (37,5% RDA)

• Природен вкус од дива јагода

• Природна боја од екстракт од корен од цвекло.

Се препорачува за деца од 3 години

 

 

ГРАДЕЊЕ НА СИЛЕН ИМУНОЛОШКИ СИСТЕМ

Силата на имунолошкиот систем се менува со текот на времето, особено адаптивниот имунолошки систем кој има потреба од постојано изложување на микроорганизми и патогени микроорганизми со цел целосно да се развие и да стане ефективен. Бебињата немаат таква изложеност, така што нивниот адаптивен имунолошки систем немал време да се развива. За среќа, фетусот добива имунолошки супстанции директно од мајката, давајќи му на детето добра концентрација на антигени при раѓање, но не доволно за да биде целосно заштитено.

 

Новороденчиња

Мајчиното млеко содржи антигени кои се пренесуваат на бебето за време на доењето. Во текот на првите неколку месеци по раѓањето на бебето, тоа има употреблив, но пасивно "позајмен" имунолошки систем, кој постепено се заменува како што телото се прилагодува на околината. Имунолошкиот систем на телото е одличен во прилагодувањето и градењето одбранбена "меморија" на која се повикува во текот на целиот живот.

 

Меморија на имунолошкиот систем

Имунолошкиот систем е во најдобра состојба кога сме млади, но како што старееме почнува да слабее. Има помалку бели крвни клетки (леукоцити) и тие се побавни и не се толку ефективни во уништување на напаѓачите. Како што имунолошкиот систем старее со телото, патогените организми имаат пологеми шанси да се вселат и рамножат, додека истата состојба нема да влијае на помлада личност.

 

Намалување на ефективноста

Како што старее телото, така старее и имунолошкиот систем. Стареењето го олеснува развојот и ширењето на болестите и ракот во телото. Меморијата" во адаптивниот имунолошки систем станува се помала и послаба, со што им олеснува на напаѓачите да влезат и да го нападнат телото. Возраста ја намалува ефикасноста на адаптивниот имунолошки систем на телото.

 

Животен циклус

Ризикот од разболување, потешки и подолготрајни болести се зголемува со возраста. Вакцините, исто така, се помалку ефикасни кај постарите лица. Поголемиот дел од истражувачите веруваат дека слабеењето на имунолошкиот систем е еволутивна состојба. Се претпоставува дека можеби нашето тело не е наменето да живее онолку колку модерната медицина и исхраната го дозволуваат тоа, и дека нашиот имунолошки систем функционира правилно се додека временската еволуција "претпоставува" дека е логично да живееме. Тоа е, приближно околу 50-55тата година.

 

НАШИОТ КОМПЛЕКСЕН ИМУНОЛОШКИ СИСТЕМ

Имунолошкиот систем на телото е неверојатно прилагодлив и софистициран, не штити и не одржува во живот. Имунолошкиот систем е толку сложен што може понекогаш бурно да реагира.

Секој ден човечкото тело е изложено на здравствени ризици поврзани со бактерии, габи, вируси, полен, загадувачки материи во воздухот и прекумерно изложување на штетни УВ зраци од сонцето. Без силен имунолошки систем, односно неизмерно напреднатиот механизам за заштита на телото, ние би имале големи здравствени проблеми.

 

ПРВАТА ЛИНИЈА НА ОДБРАНА

Секое живо суштество, вклучувајќи и бактерии и едноставни растенија, има надворешен имунолошки систем, исто така познат како прва линија на одбрана. Оваа линија штити од инфекции, негативни еколошки промени и вклучува механички, хемиски и биолошки форми на заштита.

На пример, надворешниот слој на растенија, лушпата од овошјето, егзоскелетот на инсектите, животинската и човечката кожа се сметаат за прва линија на одбрана.

Но,  кожата не може целосно да го заштити човечкото суштество од надворешниот свет. Нашата прва линија на одбрана, исто така, подразбира слоеви кои ги штитат белите дробови, очите, носот, ушите, стомакот/цревата и гениталиите. Напаѓачот може механички да се отстрани од белите дробови со кивање, или во зависност од видот на напаѓачот; да се изолира и убие од сопствениот биолошки хемиски одговор на телото. Солзите, мајчиното млеко, плунката, гастричните киселини, спермата и слузта произведени во различни делови на телото имаат бактерицидни серуми за убивање кои го штитат телото.

Бактериската флора на телото во дигестивниот систем, исто така делува како важен дел од првата линија на одбрана на имунолошкиот систем. Меѓу другите функции, таа се натпреварува со непријателските организми за храна, со што ги спречува напаѓачите да се репродуцираат и да го стават телото во опасност поради пролиферација на токсини, лоши бактерии и габи.

 

ВНАТРЕШНА ОДБРАНА

И покрај одличната прва линија на одбрана на телото, неизбежно е некои патогени, како што се бактериите и вирусите кои предизвикуваат заболувања, да влезат преку отворена рана. Или пак надворешните патогени микроорганизми се толку високи и брзо се зголемуваат, па првата одбрана на телото не може да спречи тие да влијаат на телото. Ова е кога вродениот одбранбен систем во телото ја презема обврската и испраќа бели крвни клетки (леукоцити) за да ги бара, напаѓа и елиминира напаѓачите. Белите крвни клетки ги изолираат и раствораат патогените со "прскање" со смртоносни антитела.

"Вродената одбрана на телото е комбинација на "фиксиран" имунолошки систем и променлив "адаптивен" имунолошки систем."

И двата система ги напаѓаат патогените. Сите растенија и животни имаат вроден имунолошки систем кој работи со целосна сила во тандем за заштита против болести и патогени. По милиони години, вродениот одбранбен систем продолжува да се развива во живите организми и продолжува брилијантно да функционира за прилагодување кон животната средина за заштита.

Вродениот имунолошки систем е составен од бели крвни клетки (леукоцити) кои се движат постојано наоколу во телото, ловејќи штетни напаѓачи. Постојат многу видови на леукоцити; секој има специфично однесување и специјализирана задача во телото. Со оглед на тоа што вродениот имунолошки систем реагира брзо, вообичаено ги елиминира патогените микроорганизми пред да има време за пролиферација и надминување на бројот на бели крвни клетки (леукоцити). Сепак, бактериите можат да се удвојуваат по број секој час. По 10 часа бројот на бактерии е 1000 пати повисок и по 24 часа е 1 милион пати повисок. Ова покажува колку е важно белите крвни зрнца (леукоцити) веднаш да ги нападнат и уништат напаѓачите.

 

ЗОШТО БУКОВКА?

Ефективноста на бета глуканот е базирана на големината на честичката (молекуларна тежина), структурата на молекулата и степенот на разгранување (рецептори). Бета глукан со највисоки антиканцерогени својства има степен на разгранување помеѓу 0.20-0.33 и релативно висока молекуларна тежина. Бета глуканот добиен од буковка (Pleurotus ostreatus) има степен на разгранување од 0,25 и е дел од оваа група.

Betox-93® (бета 1,3/1,6 Д-глукан) се екстрахира од буковка, која се одгледува органски во изолирани и строго контролирани услови. Полисахаридите и нивото на чистота на печурката го прават Betox-93® високо ефикасна и економична состојка.

 

БЕТА ГЛУКАН

Бета-глуканот добиен од буковката обезбедува повеќе хранлива вредност, имуномодулациски ефект и исклучителни антиканцерогени својства од квасецот и бета глуканот добиен од жито. Буковката содржи високо ниво на протеини, јаглехидрати; осум (8) есенцијални амино киселини (освен триптофан), витамини Б1, Б2, Б3, Б5, Б7, ниацин и витамин Ц и минерали: калциум, магнезиум, фосфор, калиум, селен, натриум и цинк.

 

ПОДОБАР ИМУНИТЕТ – ПОДОБРА ОДБРАНА

Бета-глуканот добиен од буковката покажува значителен зајакнувачки ефект врз имунолошкиот систем, давајќи му на телото подобра одбрана против бактериски, вирусни, габични и паразитски инфекции; како и абнормален раст на клетките. Бета глуканот го намалува ЛДЛ-холестеролот, ги подобрува профилите на липидите во крвта и хипертензијата.

Бета глуканот му помага на имунолошкиот систем преку зајакнување на неговата способност да ги идентификува и веднаш го одбрани телото од напаѓачите.

Betox-93® како пребиотик покажува позитивни ефекти врз растот и одржувањето на пробиотиците што се наоѓаат во цревата.

 

ИМУНОМОДУЛАЦИЈА

Betox-93® ја подобрува ефикасноста на имунолошкиот систем без да предизвика претерана реакција. Имуномодулациониот ефект на бета глукан е посредуван со промени во активноста на макрофагите и лимфоцитите (Т-клетките) од производството и експресијата на цитокините. Ефектот врз макрофагите е прикажан со зголемената функционалност на клетките – пребарување и отстранување на надворешните напаѓачи во телото (на пример, бактерии, вируси и паразити), зголемување на производството на цитокини (на пр. ТНФ - фактор на туморска некроза) и некои подгрупи на Т-лимфоцити, како и зголемување на специфични и неспецифични имунолошки одговори.

Апсорпцијата на бета глукан во телото се врши со помош на ентероцитите кои пренесуваат честички преку клеточните ѕидови на интестиналниот тракт. По апсорпцијата преку тенкото црево, бета глуканот патува низ лимфниот и крвниот серум каде што се поврзува со макрофагите; зајакнувајќи ја и подобрувајќи ја функционалноста на имунолошкиот систем.

 

ЕНТЕРОЦИТИ

Ентероцит е вид на клетка која апсорбира вода и хранливи материи слични на структурата на бета глукан, овозможувајќи патување низ клеточните ѕидови на тенкото црево, лимфниот и крвниот систем.

Студиите кои користеле радиоактивно обележување на бета глукан, покажале мали и големи честички (фрагменти) на бета глукан во крвниот серум. Резултатите од студијата покажаа дека бета глуканот е апсорбиран преку интестиналниот тракт, во лимфниот, а потоа во крвниот систем.

 

BETOX-93®

CLS Technology - Betox-93® е најчиста форма на бета глукан во светот од лековитата печурка. Betox-93® е растворлив и има ефект на троен-хеликс био-достапност во телото.

По 5-10 минути од земањето на Betox-93®, резултатите покажуваат значителен ефект врз имунолошкиот систем поради неговиот степен на чистота. Досега, не постои друг бета глукан на пазарот со ова ниво на чистота и ефективност.

 

ПРЕПОРАЧАНА ДНЕВНА ДОЗА

Според повеќето експерти, препорачаната дневна доза на бета глукан е 3-3000 mg на ден во зависност од намената – профилактички или дополнителни третмани за време на заболувањето.