Донација на играчки реквизити во Берово

Image Донација на играчки реквизити во Берово

 

Донација на играчки реквизити во Берово од компанијата Зегин

Компанијата Зегин, лидер во фармацевскиот бизнис на Балканот, која веќе 30 години се декларира како општествена најодговорна компанија во Македонија, Србија и пошироко, често се закитува со плакети и благодарности.
 
 
Декларација за општествена одговорност, во рамките на своите можности, несебично помага во развојот на општествените дејности како неопходен предуслов за раст и развој на државата, но и за подобрување на квалитетот на живеење на сите граѓани и унапредување на квалитетот на животот и средината во која работиме и живееме.
„Берово како Општина изразува исклучителна благодарност и кон оваа донација од нашиот голем пријател компанијата Зегин и фамилијата Механџиски. 
 
Зегин се големи пријатели на Берово со редовна поддршка на градот и на самата општина преку спонзорства, донации  и поддршка на голем број активности, настани и проекти во нашата општина. 
Вистински пример за општествено одговорна компанија која вложува и ја поддржува својата средина и општеството“, изјави градоначалникот на Општина Берово по повод оваа донација.
 
Играчките реквизити  се поставени во паркот и најмладите веќе уживаат во својата игра и забава. 
Тобогани, лизгалки, тунели, големи, убави и шарени, пластични и со тоа безбедни за најмладите ќе бидат центар на нивната дружба и игра и дополнително ќе ги разубавуваат самиот парк и просторот околу него.
А дечињата нека уживаат во играта, смеата, забавата, и во своето детство.