Студентите и годинава најмногу ги сакаат аптеките Зегин

Image Студентите и годинава најмногу ги сакаат аптеките Зегин

  

Компанијата Зегин и Healthy food by Zegin е бренд со најпозитивен имиџ меѓу студентите во земјава, и воедно единствен PREMIUM бренд од фармацевсткиот сектор во Македонија. На анкетата која по трет пат ја организираше STUBRAND над 50 проценти од испитаниците се изјасниле дека имаат доверба и дека сакаат да пазаруваат во овие аптеки. Од целиот понуден избор на речиси сите аптеки во земјава, тие го избраа токму Зегин.

Искористувајки ги новите трендови во поглед на се поголемата гижа за здравата храна студентите се изјасниле дека го сакаат и му веруваат на синџирот продавници за органска и здрава храна Healthy Food by Zegin. Со тоа, нашите продавници, со право годинава за прв пат ја добија оваа престижна награда на Stubrand.

Испитаниците  имаа можност да ги одберат омилените брендови што се среќаваат на нашиот пазар, распоредени во 19 категории на производи и на услуги.

Истражувањето на STUBRAND во Македонија е реализирано со репрезентативен примерок од 1.054 студенти од сите уноверзитети и факултети во земјава. STUBRAND е официјален бренд посветен на промоција на најпопуларните брендови меѓу студентската популација и врши избор во 17 земји во светот.