Helathy food by Zegin продолжува да ја подржува музиката и делата на Тоше Проески како генерелен спонзор на музиклот "Тајно Моја"

Image Helathy food by Zegin продолжува да ја подржува музиката и делата на Тоше Проески како генерелен спонзор на музиклот "Тајно Моја"

  

Мјузиклот е базиран на голем број музички хитови на Тоше Проески, како „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Игри без граници“, „Полско цвеќе“, „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси куси“, „The Hardest Thing“.

Во мјузиклот учествува целиот ансамбл, оркестарот, хорот и балетот при МОБ и детскиот хор „Фалесто“. Дел од актерската екипа се Игор Џамбазов, Весна Петрушевска, Арна Шијак и Дејан Лилиќ. Либретист e текстописецот и драматургот Огнен Неделковски, а автори на новите аранжмани на песните на Тоше се композиторите Кокан Димушевски и Сони Петровски.

Кореограф на мјузиклот е Олга Панго, сценограф Марија Ветероска, а костимограф Марија Пупучевска. Како што е објавено на репертоарот на МОБ, првата реприза е на 26 март, а втората на 28 март.