Компанијата ЗЕГИН спонзор на концертите на Влатко Стефановски

Image Компанијата ЗЕГИН спонзор на концертите на Влатко Стефановски

Компанијата ЗЕГИН спонзор на концертите на Влатко Стефановски

Компанијата Зегин како долгогодишен подржувач на македонската музика, годинава  е еден од генералните спонзори на трите концерти на нашиот најпознат гитарист Влатко Стефановски. 
Во ноември минатата година, Стефановски го издаде својот 33. албум насловен „Мајчин јазик”. Ова е првиот акустичен албум во неговата кариера, и веднаш по издавањето се здоби со неподелени позитивни критики од балканските музички критичари и медиуми. На концертите гитаристот за првпат пред македонската публика ќе го претстави новиот материјал. Тие ќе претставуваат заокружување на еден артистички период и израз во кариерата на Стефановски.
Специјални гости на концертите ќе бидат балканската етно дива Биља Крстиќ, оперската дива Весна Гиновска Илкова и членовите на групата Љубојна, Вера Милошевска и Оливер Јосифовски. Концертите ќе се одржат во големата сала на Македонсктата филхармонија во Скопје.