Здравко Чолиќ ги отвори вратите на реновираната поликлиника „Зегин медика“

Image Здравко Чолиќ ги отвори вратите на реновираната поликлиника „Зегин медика“

Здравко Чолиќ ги отвори вратите на реновираната поликлиника „Зегин медика“

Единствена поликлиника со најсовремена технологија

На 15 мај популарниот пејач Здравко Чолиќ свечено ја отвори нашата реновирана здравствена установа.

ПЗУ „Зегин медика“ ја основа д-р Верица Механџиска во април 1998 година. По повеќе години работа, поликлиниката се реновира и се опреми со најсовремена апаратура, која овозможува висока прецизност на резултатите во строго контролирани услови. 

Главна цел на оваа поликлиника е да се обезбедат целосни здравствени прегледи и специјалистички здравствени услуги на пациентите и да им се овозможи стручна помош за нивните здравствени проблеми.

ПЗУ „Зегин медика“ се издвојува од другите здравствени установи затоа што е единствена поликлиника што нуди биорезонантна метода.

Биорезонантната метода на дијагноза и терапија е корекција на функциите на телото под влијание на електромагнетни осцилации на строго одредени параметри одговарајќи на одреден фреквентен спектар на разни типови бранови.

Може да влијае на клеточно ниво, како и на ниво на орган, систем на органи и цело тело. Главната идеја за примена на биорезонанција во медицината е, прво, регистрирање на фреквенциите на сите делови на човечкото тело, инверзија на брановите што отстапуваат и давање/враќање модифицирани фреквенции во телото, второ, давање специфични егзогени фиксни фреквенции за одредени патолошки состојби на организмот, со што се успева да се намали патолошката осцилација на човековото тело.

Значи, влијанието на биорезонансот може да биде насочено како за неутрализација на патолошките така и за враќање на физиолошките осцилации нарушени при патолошки осцилации. Освен тоа, ПЗУ „Зегин медика“ ви нуди дијагностицирање на слип апнеата со најсовремени методи и домашна полиграфија. Ова сериозно нарушување се манифестира со престанок на дишењето за време на сонот, а со примена на соодветна терапија на пациентот му се овозможува поквалитетен живот.

Покрај овие нови најсовремени технологии, поликлиниката ги нуди и следниве услуги: општи прегледи со биохемиска лабораторија наменета за општи биохемиски анализи, комплетна крвна слика, интернистички прегледи, алерголошки прегледи, ЕКГ, ехо на абдомен, тироидна жлезда и дојки, дензитометрија (прегледи за остеопороза) и уште многу други услуги.

Исто така, нуди совети и консултации од страна на специјалисти за разни области од медицината, како и систематски и периодични здравствени прегледи за вработени лица.