Зегин еднократно донира 20.000 евра за семејствата на загинатите патници

Image Зегин еднократно донира 20.000 евра за семејствата на загинатите патници

Зегин еднократно донира 20.000 евра за семејствата на загинатите патници

Компанијата Зегин по тешката сообраќајна несреќа којашто се случи вчера на патот Скопје – Тетово ќе додели еднократна помош во износ од 20.000 евра на семејствата на трагично загинатите патници.

Во овие тешки мигови на повредените како и на семејствата на повредените и починатите патници Зегин нуди дополнителна помош ставајќи им го на располагање целиот потенцијал на Зегин во лекови и поликлинички услуги од својата поликлиника Зегин Медика.

Сочувствувајќи со болката на семејствата на загинатите и повредени, Зегин ги повикува семејствата да се обратат за помош во нашата компанија. Компанијата Зегин им изразува сочувство на семејствата на загинатите патници и поскоро закрепнување на повредените лица.

За подетални информации обратете се на контакт 02 3241600 и 078 206-087  mail:info@zegin.com.mk