АЛВЕН крем 40 g (500 IU + 3 mg + 4 mg/g)

Zoom
 

Alven®

Состав

1g крем содржи 500 I.E хепарин натриум, 3 mg алантоин, 4 mg декспантенол

Фармацевтска форма

крем

Дејство

Хепаринот дејствува антикоагулантно и антитромботично.
Дејствува антагонистички на хистаминот, серотонинот, ацетилхолинот од каде што произлегува неговото антиинфламаторно, антиедематозно, умерено спазмолитично и антиалергиско дејство. Локално, ги инхибира ензимите коишто ги хидролизираат сврзноткивните мукополисахариди, подобрувајќи ја структурата на сврзното ткиво, која е често нарушена при венопатии. Комбинацијата со дексапантенол и алантоин овозможува поголема апсорпција на хепаринот.
Декспантенолот има антиинфламаторно дејство, дополнително од она на хепаринот, и ја стимулира гранулацијата и епителизацијата.
Алантоинот, во ниски концентрации, ја стимулира клеточната пролиферација и епителизација на оштетената кожа, како и метаболните процеси на дермалното сврзно ткиво.

Индикации

Профилакса и третман при нарушувања од венско потекло, како што се: површински тромбофлебитис или флеботромбоза, флебитис после паравенски аплицирана инјекција, посттромботичен синдром, проширени вени, улкус на потколеница, едем како последица од венска инсуфициенција;
Третман на оток или на хематом при контузија, дисторзија, луксација, или при фрактура на коска, коишто настануваат при акцидентални или при спортски трауми;
Забрзано заздравување на постоперативните рани и третман на лузни;
Третман на тендовагинитис, бурзитис, епикондилитис.

Пакување

Алвен крем 50 000, туба 40 g

Регулаторен статус

ОТЦ