БЕКУТАН МАСТ СО РИБИНО МАСЛО

Zoom
 

Маста се употребува при воспалителни процеси на кожата, и при изгоретини

Ефектот на производот:

Рибиното масло содржи витамини А и Д кои ја помагаат природната епителизација на кожата.

Посебни карактеристики:

Маста се нанесува во тенок слој на кожата. Само за надворешна употреба.

Состојки:

рибино масло

Иако кожата на вашето бебе наликува на вашата, сепак функционално е незрела. Таа е потенка и особено чувствителна на влијанијата од околината, олеснето е губењето на вода, а сето тоа придонесува за полесно навлегување на разни штетни материи и развој на инфекции.Негата на бебешката кожа започнува од првиот ден по раѓањето, a Becutan маста со рибино масло е производ создаден, токму за ваквите почетоци во светот на негата.

Зошто?

Becutan маста содржи рибино масло богато со витамин А, неопходен за правилно формирање на епидермисот и одржување на неговата природна заштитна функција, на што особено треба да се внимава при нега на кожата кај новороденчиња. Воедно ја помага и ја забрзува регенерацијата на иритираната кожа, како и кожа оштетена од топлински или хемиски агенси. Ја храни сувата кожа, па така таа станува мазна и еластична. Се нанесува на чиста и сува кожа, во тенок слој, со благо втривање 2-4 пати на ден.

Becutan маста со рибино масло првенствено е наменета за нега и заштита на бебешката кожа, но исто така се препорачува:

за изгореници,
за нега на сува, испукана и груба кожа, склона кон лупење,
за третирање на пеленски дерматитис,
за црвенило по кожата, предизвикано од триење и потење,
за нега на кожата по сончање.