Екстракт од семки од грејпфрут

Image Екстракт од семки од грејпфрут

Чудото во семките од грејпфрут

Природен антибиотик и билдер на имунитетот 

Последните 20 години, маслото од семките од грејпфрут е најпродаваниот природен лек во борба против бактерии, вируси и габични инфекции. Неговиот состав со биофлавониди го прави овој препарат единствен кога станува збор и за јакнење на имунитетот, но и за неутрализирање на супстанците кои го поттикнуваат развојот на малигните клетки.

Постојат бројни научни докази дека цитрусните биофлавониди влијаат на оштетената функција на капиларите и на вените, ја намалуваат нивната кртост и ја подобруваат циркулацијата. Биофлавонидите во екстрактот од семки од грејпфрут имаат својство на пририден антибиотик на кој бактериите не развиваат отпорност, а истовремено помагаат во превенција или брзо санирање на грип, настинка, главоболка.

Интересно е што чудотворноста на овој препарат е откриена пред повеќе од 30 години на една животинска фарма во чија близина се наоѓала фабрика во која се произведувало сок од грејпфрут. Остатоците од исцеденото овошје, производителите на сокот им ги давале на фармерите, кои ги користеле како храна за животните. По извесно време забележано е дека свињите престанале да шират непријатен мирис, па производителите на сокот почнале со истражување зошто е тоа така. Тие подоцна дошле до заклучок дека токму остатоците од грејпфрутот се причина за таа појава, односно дека тоа ги убива бактериите во свињите, виновници за лошиот мирис.

Оттука тргнуваат и понатамошните студии кои докажуваат дека маслото од семките од грејпфрут е апсолутно најдобриот природен антибиотик и средство против габични инфекции што ни ги подарила природата. Подоцна е утврдено и дека екстрактот има антимикотични дејства, т.е дека уништува над 800 видови на бактерии, 100 видови на габични инфекции други паразити.

Поради единственото антиоксидантно и антимикробно својство, маслото од семки од грејпфрут во Европа и во САД е одомаќинет во секој дом како парацетамол или фластер.

Екстрактот од семките од грејпфрут има способност да го алкализира организмот т.е да го зголемува Ph факторот што исто така оневозможува развој на бактерии и на габи.

Ја подобрув ресорпцијата и искористеноста на витамините во организмот и ги врзува и ги неутралзира слободните радикали и на тој начин делува антиоксидантно. Познат е и по својата способност да го стави имунитетот во петта брзина, па затоа и се нарекува народски дека е БИЛДЕР на имунитетот.

Чудото во семките од грејпфрут, веќе е достапно во сите аптеки на Zegin и во продавниците на Zegin Healthy Food и тоа како единствен органски екстракт на реномираната француска фирма Super Diet, сертифицирана за производство на органски производи со 50 години традиција.