Bio Agros

Image Bio Agros

 

Нашето портфолио на органски производи го збогатуваме за уште 13 нови производи од асортиманот на Bioagros SA и два вида на специјално рачно изработени чоколади засладени со стевиа. 

Image

 

Органски протеини од ориз во прав,150g 

Протеините како градбени структури на нашиот организам имаат многу значајна улога. Нивниот внес во секојдневната исхрана е неопходен. Органските растителни протеини се здрав, хранлив и лесно сварлив извор на протеини. Лицата со активен начин на живот, вклучително и тие кои имаат дополнителна физичка активност (спортисти аматери, спортисти професионалци) имаат потреба од зголемен внес на протеини што се одредува согласно возраста и полот. Протеините од ориз се правилен избор за вегетаријанска исхрана и можат да бидат дел од соодветна диета.

Содржината на протеини изнесува 68% или 68g/100g производ.

Употреба: 30-40g дневно може да се раствори во вода, млеко, овошен или зеленчуков сок, јогурт.

Image

 

Органски протеини од грашок во прав, 100 g

Протеините од грашок се лесно сварливи за организмот, а лесно се раствараат и во вода или други пијалаци. Може да се користат во различни рецепти дококлку 15-20% од друго брашно се замени со протеини во прав. Содржината на протеини изнесува 78% или 78g/100g производ.

Употреба: 30-40g дневно, зависно од индивидуалните потреби. Може да се додаде на рецепти или едноставно да се раствори во вода, супа или други пијалаци.

Image

 

Органски мунго грав, 500g

 

Мунго гравот е помалку познат од другите легуминози. Потекнува од Индија а подоцна е култивиран и во цела Азија. Од особена важност е за традиционалната ајурведска медицина. Древните кинези го користеле овој грав во кулинарски и лековити цели, а најмногу за детоксификација на телото. Има високи нутритивни вредности, мало количество вкупни и заситени масти и натриум, а големо количество на растителни влакна и протеини (глобулини и албумини), амино киселини, минерали и витамини. Поволно делува на намалување на лошиот холестерол, а според некои научни сознанија содржи супстанции кои инхибиторно делуваат на ракот на дојка. Содржи изофлавони-фитохормони кои делуваат поволно во пост-менопаузата. Мунго гравот има низок гликемиски индекс, поради што е добар да го користат лица кои имаат проблеми со дијабетес. Денес мунго гравот нашироко се користи во исхраната поради неговата висока хранлива вредност. Може да се употреби за подготвување чорби и супи, салати или вегетаријански ќофтиња и пире.

Image

 

 

Органски `рж, 500g

`Ржта има зрно кое е слично на зрното од пченица и другите житарки. Има богати нутритивни својства. Природно содржи витамини А, Е Ц, Б, железо, калциум, цинк, калиум, натриум, магнезиум и фосфор.

Начин на употреба: се подготвува на ист начин како и оризот, со вода или млеко. Доколку се готви со варење, потребното време за подготовка е 30-40 минути. Може да и се додаде и мед или цимет.

 
 

 

Image

 

Органски бел ориз - басмати, 500g

Басмати оризот се смета за еден од најквалитетните видови на ориз, култивиран во источна Азија. Овој ориз вообичаено расте во области покрај реки. Потекнува од Хималаите, а денес се одгледува на полиња во Индија и Пакистан. Има специфичен вкус, што се должи на карактеристичната почва. Тој е ароматичен ориз, погоден за разни видови на јадења, идеален за салати, традиционални азиски и индонезиски рецепти, или во прилог со вкусно пилешко месо. Традиционално се користи во јадења со кари, посебно рижото.

Предлог рецепт: ориз – басмати со суво грозје и грашок

Потребни состојки: 500g бел ориз – басмати, 1 шолја грашок, 1 шолја суво грозје, 2 главички кромид, 5 лажици маслиново масло, 1 лажичка црн бибер, 3 ловорови листа, 1 лажичка сол.

Начин на подготовка: кромидот се сечка и запржува на масло, па се додаваат ловоровиот лист, биберот и солта. Се ставаат 4 шолји вода и оризот, сѐ добро се меша и се остава да врие 15-20 минути. Потоа се намалува температурата, се додава грашокот и сувото грозје и сѐ заедно се готви уште 5 минути.

Image

 

Органски интегрален ориз - басмати, 500g

Интегралниот басмати ориз се разликува од белиот по тоа што зрното е со обвивка која што е богат извор на растителни влака, витамини и минерали. Како таков има карактеристичен вкус, а при подготовката бара минимална обработка, со што се задржуваат нутритивните вредности.

Предлог рецепт: пилешки копани со интегрален ориз - басмати

Потребни состојки: 4 пилешки копани, ½ шолја интегрален ориз – басмати, црвен пипер, оригано, лук, сол и бибер.

Начин на подготовка: месото се маринира со сите зачини. Рерната се загрева на 250°С. Во сад за печење се додава вода колку да го прекрие дното, се додава пилешкото месо и се пече со намалување на температурата на 200°С, додека да порумени од двете страни. Потоа се додава оризот и вода во количина двојно поголема од количината на оризот. Се пече додека водата не испари, а зрната ориз се готови и неслепени.

Image

 

Органски интегрален ориз - каролина, 500g

Зрната на овој ориз се со светло-кафена боја и средна големина. Има способност да апсорбира масти, што е посебно погодно при неговото подготвување, бидејќи зрната не се суви и слепени. Погоден е за разни рецепти, како печени јадења или сарма.

Предлог рецепт: сарма од лозов лист со ориз

Потребни состојки: 1 шолја ориз, 250g лозов лист, 1 прстофат копар, ½ прстофат анасон, 3 главички кромид, 2 домати, маслиново масло, сол и бибер.

Начин на подготовка: сите состојки освен лозовиот лист добро се мешаат во сад. Потоа со смесата се полни лист по лист и се витка, но не премногу цврсто, бидејќи оризот ќе набабри при готвењето. Се редат во сад за печење, се покриваат со друг сад, се додава вода и масло и се пече.

Image


Органско фино пченкарно брашно, 1000g

Пченкарното брашно се добива од сушена пченка. Се подготвувало прво во Латинска Америка, потоа и во Африка, а денес се користи насекаде во светот за различна намена. Се употребува во традиционални јадења, како пченкарен леб, пити, кремови и колачи.

Предлог рецепт: Тортиља

Потребни состојки: 1,5 шолји брашно, 1 шолја пченкарно башно, 1 шолја млака вода.

Начин на подготовка: се мешаат двата вида брашно, се додава постепено водата и се меси околу 3 минути. Од тестото се подготвуваат тенки листови. Се печат на загрена плотна или тава од двете страни. Кога ќе се изладат, тортиљите се меки, а до следната употреба може да се чуваат и во фрижидер. 

Image

 

 

Органско кокосово брашно, 250g

Кокосовото брашно е погодно за исхрана сиромашна со јаглехидрати. Има висока содржина на влакна, што дава чувство на ситост, а со тоа и намалување на апетитот. Доколку во вообичаените рецепти за слатки 10-25% од друго брашно се замени со кокосово брашно, ќе се овозможи внес на влакна во количина која ги задоволува дневните потреби на организмот.

Image

Органски црвен шафран во конци, 1g

Грчкиот шафран се одликува со висок квалитет и е високо ценет во светот. Тој е многу скап зачин и претставува симбол на мудроста, материјално и духовно богатство. Според литературните податоци поседува антиканцерогени својства како резултат на присуството на крокин, шафранал и пикрокроцин. Поволно делува при депресија, а особено кога се користи во форма на чај. Според научните истражувања чајот од шафран го стимулира лачењето на хормонот на среќата, што придонесува за подобрување на расположението. Во традиционалната медицина уште од дамнина шафранот се користел за подобрување на циркулацијата. Помага во намалување на лошиотхолестерол и триглицеридите во крвта, со што поволно делува во намалувањето на можноста од појава на атеросклероза. Поседува изразито антиоксидантно дејство, поради што може да се најде во составот на некои козметичките маски за кожа кои се користат за одстранување на мртвите клетки на кожата и забавување на појавата на брчки и флеки. Го подобрува видот или ја ублажува макуларната дегенерација која е една од најчестите причини за слепило кај постарите лица. Во традиционалната медицина помешан со млеко се користел за подготвување на облоги за уморни очи. Освен тоа бил користен и како афродизијак, при болна менструација, при третман на астма и кашлица. Мало количество на шафран дава посебна боја, мирис и вкус на јадењата како паста, ориз, супи, сосови, живина, месо и риба. Во комбинација со кафе или чај дава одличен пијалак. Се користи во умерени количини (максимум до 1.5g), бидејќи во поголеми количини може да биде токсичен.

Image

Органско семе од афион, 100g

Семето на афион се добива од добро познатите афионови цветови. Содржи мало количество на шеќери, а големо количество влакна и големо количество калциум и железо, потоа јод, манган, магнезиум, цинк, калиум и бакар, а воедно е и добар извор на протеини. Содржи и витамини од Б групата, оксалатни киселини. Богато е со незаситени масни киселини, особено со олеинска и линолна. Застапено е во речиси сите кујни во светот, давајќи им посебен вкус на јадењата. Долго време афионот бил симбол на сон, поради опиумот кој што се екстрахира од него. Најстарите записи за неговата употреба потекнуваат од Месопотамија, каде бил користен во медицински цели, но и како растение за веселби. Атлетичарите во античка Грција пред натпреварите пиеле напиток од вино, афион и мед за да бидат посилни. Народните лекари го препорачуваат за опуштање на мускулите, против болки, за искашлување и против грчеви во желудникот. Погодно е за употреба во леб, месени колачи, но и разни други слатки. Мал број на луѓе можат да останат рамнодушни на штрудли со семе од афион или некои други слатки на кои ова семе им дава посебен вкус и арома.

Image

 

Органски дехидриран кокос, 200g

Органскиот дехидриран кокос содржи големо количество влакна. Кокосовото дрво – палма достигнува висина и преку 30m и годишно секое дрво дава просечно по 75 плода. Поради карактеристичните отвори, плодот го добил името cocos што на шпански значи „насмеано лице“. Дехидрираниот кокос се добива од висококвалитетни плодови. Погоден е за употреба во карактеристични пијалаци, но и во овошна салата, колачи и десерти, давајќи им посебен мирис и вкус.

Image

 

Органски чај од глуварче, 30g

Глуварчето (Taraxacum officinale) е едно од најраспространетите растенија, а во многу земји и се култивира. Листовите се собираат пред цветање, коренот во пролет и есен, а стеблото за време на цветање. Содржи витамини од Б групата, витамин А, Ц, Д, калиум, магнезиум, цинк, железо, флавониди, танини. Се смета за едно од најдобрите растенија за прочистување на организмот од токсини. Како лековито растение се подготвува во форма на чај, сок или сируп. Според научните сознанија поволно делува при варење на храната, особено кај лица кои имаат проблеми со желудникот и цревата, како и при заболувања на црниот дроб; ја прочистува крвта и го намалува нивото на лошиот холестерол; ги ублажува ревматските болки и ги прочистува уринарните патишта, поради што има благопријатно дејство на бубрезите и мочниот меур. Им се препорачува на лицата со нежно здравје, бидејќи го прочистува организмот од наталожените отрови, со што се подобрува целокупната состојба на организмот. Најдобро е да се користи глуварче кое расте во чиста средина или органски сертифицирано. Глуварчето од градските населби - урбано глуварче го филтрира загадениот воздух и ги апсорбира токсични честички.

Image

Млечна чоколада, засладена со стевиол, 90g

Рачно изработена чоколада која се карактеризира со неодолив и префинет вкус. Содржината на какао изнесува 34%, а како засладувач во својот состав содржи стевиол и малтитол поради што е погодна за дијабетичари и лица кои внимаваат на внесот на шеќери во организмот. При подготвувањето на оваа чоколада користена е природна арома на ванила.
Image

Темна чоколада, засладена со стевиол, 90g

Уште една рачно изработена чоколада со содржина на какао од 60% во која како засладувачи се користат стевиол и малтитол поради што е погодна за дијабетичари и лица кои внимаваат на внесот на шеќери во организмот. При подготвувањето на оваа чоколада користена е природна арома на ванила.