Bioagros

Image Bioagros

Од палетата на компанијата Bioagros SA увезовме 5 нови производи кои се веќе дистрибуирани до нашите продажни места.

 

Image

1. Органска гранола со киноа и кокос, 350 g

Крцкаво и вкусно! 

Органски сертифициран производ со големо количество хранливи влакна. Не содржи јајца, лактоза, сусам, кикиритки и соја.

Одлична мешавина на крцкави снегулки од интегрални житарки овес, `рж и бела киноа, збогатена со смокви, бело суво грозје султана и ореви. Изренданиот кокос, мед и цимет кои влегуваат во составот, ги надополнуваат нутритивната вредност и вкус на гранолата.

Одличен појадок за целото семјство во домашни услови, на излет и на вашето работно место.  

Image

 2. MAGIC DIET PASTA- Органски нудли од брашно од корен од коњак, 275 g

Само 9 kcal на 100 g производ !

 

Ниско калоричен органски сертифициран производ, без глутен, без пченица, масти и шеќер, извор на растителни влакна и погоден за вегетаријанци и вегани.Во својот состав содржат пречистена вода и органска мешавина од коњак (брашно од корен на коњак, овесни влакна).

Нудлите од коњак се добиваат од глукоманан, кој се добива од кртола (грутка или тубер, која претставува видоизменето стебло или корен) на растението коњак, кое нативно расте во Кина и Јапонија. Во Јапонија коњакот како храна и како дел од здрави нискокалорични диети се користи повеќе од 2000 години.

Нудлите од коњак ви овозможуваат да уживате во саканите тестенини, без да размислувате на проблемот со вишок на калории. Не содржат, глутен, бои или ароми и се одлични за лица кои имаат проблем со целијакија, дијабетес, кардиоваскуларни заболувања и гојазност.

Брашното од корен на коњак само по себе има неутрален вкус, но заедно со останатите состојки апсорбира вкусови, што резултира со вкусен и здрав оброк.

Од брендот Biosaurus Ви ги препорачуваме двата нови вкуса:  

Image

 3. Biosaurus  Cheese/ Биосаурус- органски печен пченкарен флипс со вкус на сирење - без глутен, 50 g.

 

Органски сертифициран производ без глутен.

Подготвен одорганскапченка (пченкарно брашно и/или пченкарен гриз), сончогледово масло и органски зачини со сирење. За сите љубители на флипс или популарно познати како смоки, одлични вкусни и за секоја пригода.

Image

 4. BiosaurusKetchup / Биосаурус- органски печен пченкарен флипс со арома на кечап - без глутен, 50 g.

 

Органски сертифициран производ без глутен и погоден за вегани.

Подготвен одорганскапченка (пченкарно брашно и/или пченкарен гриз), сончогледово масло и арома на кечап.

Изненадете ги Вашите најмили со безглутенскиот флипс со кечап, и уживајте во зедничкото дружење и насмевки! J

Image

 

 5.          Сода бикарбона (Натриум бикарбонат), 500 g

100% БЕЗ АЛУМИНИУМ

100% БЕЗ ГЛУТЕН

-за кулинарска употреба.

-за хигиена на заби и за друга лична нега

-за орална употреба: наутро и навечер, растворете по една мала лажичка од сода бикарбона во чаша со ладна вода и испјте ја.

 

Кисело-базната рамнотежа или соодносот на киселини и бази во организмот е важен предуслов за нормално одвивање на метаболичките процеси и одржување на здрав организам. Секое нарушување на овој сооднос, може да доведе до автоинтоксикација и акумулирање на киселини во организмот, состојба која го прави организмот подложен на  многу болести или како што рекол Парацелзиус Ацидозата на телото е основно зло на сите болести .

Основните хемиски процеси во организмот се одвиваат во базна средина, па оттаму оддржувањето на ваква средина значи одржување на здрав и витален организам, кој позитивно се одразува на целокупниот живот на секој човек.

Сода бикарбона или натриум бикарбонат, без алуминиумкако база учествува во одржување на кисело-базна рамнотежа.

Во последно време направени се голем број на научни истражувања и клинички испитувања за употребата на натриум бикарбонат и неговото дејство во организмот. Многубројните литературни податоци укажуваат на позитивното дејство на натриум бикарбонатотво алкализација на организмот, доколку соодветно се употребува.