Бисери

Image Бисери

Зегин ја наградува вашата лојалност 
Зошто е добро да имате лојална картичка од групацијата ЗЕГИН?

На наше огромно задоволство, сакме да Ве информираме дека ланецот аптеки Зегин и продавниците за здрава храна Healthy Food by Zegin, како и поликлиниката Зегин Медика во својата мрежа воведуваат и програма за лојалност. Програмата за лојалност е дел од нашата постојана грижа за Вашите барања и потреби - единствена картичка со многубројни придобивки за потрошувачите. 
 
Колку повеќе купуваш, толку повеќе добиваш!
 
Картичката е дизајнирана со цел да се наградат сите потрошувачи за верноста и лојалноста. Со единствената, бесплатна картичка можете да добиете многу бесплатни производи. Во зависност од бројот на собрани бисери кои се добиваат при секое купување кај нас, добивате гратис производи од актуелниот каталог.

Како до ЗЕГИН лојална картичка?
Зегин лојалната картичка можете ја добиете во сите аптеки на Зегин, во продавниците за здрава храна Healthy Food by Zegin и во поликлиниката Зегин медика. Картичката  има неограничен рок на употреба.
Заедно со картичката добивате формулар за пополнување на Вашите податоци. Пополнетиот формулар  го оставате  во аптеките со цел да се внесат Вашите податоци во нашата база на корисници. Секогаш кога ќе дојдете на каса, Ве молиме да му ја прикажете Вашата Зегин лојална  картичка  на вработените за да бидете уредно регистрирани на каса.

Попoлнување на електорнскиот формулар на веб-страницата на www.zegin.com.mk  
Секоја Зегин картичка има единствен регистарски број.
Доколку биде оштетена или изгубена, истата не може да се замени, но можете да добиете нова лојална картичка.

Поволности од користењето на Зегин лојалната  картичка
Со Зегин картичката  нашите купувачи добиваат шанса да добијат гратис производи.
Kорисниците на лојалната картичка ќе имаат ексклузивен пристап до голем број промотивни акции на специјални производи по повластенни цени на сите продажни места на аптеките Зегин, Healthy food by Zegin и поликлниката Зегин Mедика. 

Кога и како се собираат БИСЕРИТЕ?
За секој купен производ (освен лекови) добивате бисери.
 
Како до повеќе бисери:
Покрај нагласените бисери во акцискиот дел на списнаието Мали совети за здраво семејство, кое бесплатно се дели во нашите објекти, можете да добиете дополнителни бисери за купен одреден дел производи!
Бисерите кои  купувачите ќе ги соберат денес, можат да ги користат веднаш во нардниот ден.

Користење на поените од Вашата Зегин лојална  картичка е многу едноставно:
Собраните поени можете да ги користите веќе од наредниот ден по Вашето прво купување.
Собраните бисери имаат важност од 90 дена.
После секој период неискористените бисери се бришат од вашата Зегин картичка и почнува нов период на собирање  бисери.
Доколку сакате да се информирате за вкупниот износ на собраните поени - тоа можете да го направите на која било каса во нашите аптеки. 
Побрзајте и искористете ги бисерите  по Ваша желба. Ве очекуваме!
 
ЗЕГИН секогаш ги наградуваат своите лојални купувачи
,,ПОВЕЌЕ  БИСЕРИ ДО ПОВЕЌЕ ПОДАРОЦИ’’