Bio Agros

Image Bio Agros
Image

 

Органско интегрално `ржано брашно, 1кg

За разлика од другите житарки кои датират многу одамна, `ржта почнала да се одгледува пред околу 400 години пред нашата ера, кога била култивирана на територијата на денешна Германија. Потоа во скандинавските и источноевропските земји заземала значајно место на трпезата. Во почетокот ја сметале за коров кој ја напаѓа пченицата. Како растение е значително отпорна на ниски температури. Земајќи во предвид дека научниците се повеќе ја докажуваат корисноста од употребата на интегралните житарки, се зголемува и популарноста од употребата на оваа житарка и брашното добиено од неа. По хранливата вредност жта е слична на пченицата, со таа разлика што жта содржи помалку глутен, а повеќе амино киселина лизин. Благотворно делува на нервниот систем  и богата е со витамин Е и витамини од Б групата, а пред се со растителни влакна кои се значајни во регулирање на столицата. Растителните вклакна имаат и превентивното дејство во покачување на нивото на шеќерот во крвта. жаното брашно може да се користи самостојно или во комбинација со други брашна. Ова брашно, како и лебот подготвен од него многу се ценети во Германија. жаниот интегрален леб има понизок гликемиски индекс, поради што е добар за дијабетичари. Има подолг рок на траење поради што многу го подготвувале без адитиви во временто на недостаток од намирници поради сиромаштија.

`Ржаното брашно кое се добива од интегрален `рж, е хранливо и погодно за подготвување на црн леб и интегрални `ржани тестенини .

Предлог рецепт: `Ржан леб

Потребни состојки: 750g интегрално `ржано брашно, 750g тврдо пченично брашно, квасец, 2 лажички сол, 1 шолја масло, 1200g млака вода.

Начин на подготовка: во голем сад се мешаат двата вида брашно, се додава солта и квасецот и се меси. Постепено се додава водат и се меси додека не престане да се лепи на раката. Тестото се дели на 2 дела, се прават 2 векни и се пече во подмачкан сад 1 час на 180̊С.

 

Image

 

Органски суви гоџи бобинки, 100g

Сувите гоџи бобинки се добиени со сушење на сонце. Познати се по своите нутритивни својства. Природно содржат 21 метал и 18 киселини, а богати се и со витамини  Ц и А. Гоџи бобинките доаѓаат од Хималаите, каде на нативните жители им се познати од многу одамна и ги користат во традиционалната во медицината или како состојки во многу рецепти, што се должи на нивните одлични својства. Во Азија се нарекуваат “црвени дијаманти”. Западниот дел од светот ги открил во последните десет години и ги означува како супернамирници (храна која може да се применува како лек). Тие се на првото место во САД на топ листите на ORAC (Oxygen Radical Absorbance Capacity). Тоа е скала која ги мери антиоксидантните својства на храната. Како што е рангирана повисоко на скалата, така храната има поголем капацитет за да ги уништува слободните радикали кои го нарушуваат здравјето, го забрзуваат процесот на стареење и на тој начин стануваме подложни на голем број дегенеративни промени. Не само што имаат исклучително високo ниво на витамин Ц, туку содржат и многу хранливи материи и фитохемикалии или фитонутритиенти (аминокиселини,рибофлавин, витамин Б2, витамин Б1, витамин Ц, минерали како што се железо, цинк, селен, калциум, калиум незаситени масни киселини, бета-ситостерол, бета-каротен, зеаксантин, лутеин, ликопен, криптоксантин, ксантофил) кои имаат значајни функционални вредности за човечкиот организам. Гоџи бобинките имаат важна улога во традиционалната кинеска, корејска, јапонска и тибетска медицина во текот на многу години. Според научните истражувања се смета дека: го зајакнуваат имунолошкиот систем, го подобруваат видот, ја подобруваат циркулацијата на крвта, поволно делуваат во регулирање на зголемен крвен притисок и тенот на кожата, го штитат црниот дроб кој е “основната лабораторија” за “чистење” на организмот, поволно делуваат на функцијата на бубрезите.  Гоџи бобинките уште ги нарекуваат и “среќен бобинки” бидејќи позитивно делуваат на расположението, ја подобруваат енергијата и издржливоста на телото.

Начин на употреба: може да се додадат во житарки, овес, јогурт или друг оброк подготвен во блендер или едноставно да се конзумираат како такви. Препорачана дневна количина: 20-30g.

 

Image

 

Органски зелен грашок, 500g

Мешунките се одличен извор на хранливи материи и растителни влакна со малку маснотии , а вклучуваат различни видови на грав, грашок, леќа, боранија, наут. За значењето на мешунките во човечката исхрана веќе опишавме во нашата брошура за гравот.

Зелениот грашок се добива од дехидриран грашок кој се мие со ладна вода, а потоа се врие 10 минути. Богат е со витамини, минерали, растителни влакна и протеини. Како одличен извор на витамин К допринесува во одржување на здрави коски и кардиоваскуларниот систем. Ја поттикнува изградбата на мускулна маса, ги зајакнува нервите, косата и сврзното ткиво, видот и концентрацијата. Претставува идеален оброк за малите деца, бидејќи им ја дава неопходната енергија.

Предлог рецепт: Баршунаст зелен грашок

Потребни состојки: 500g зелен грашок, масло, сол, 2 глави кромид, за декорација: масло, лимон, капари, сечкан кромид

Начин на подготовка: грашокот се плакне во вода 2-3 пати, а потоа се става да врие. Се надгледува додека да зоврие, бидејќи може да претече. Се отстранува создадената пена, се додава маслото, солта и кромидот и се остава да се вари на пониска температура околу 1 час, додека да се распадне. Потоа се пасира во блендер додека да добиеме кремаста маса.

Во чинијата за послужување се декорира со маслото, лимонот и сечканиот кромид, а може да се додаде и капари.

Image

 

Органски семки од бор, 50g

Семките од бор се едни од покалоричните плодови и се богат извор на фитохемиски компоненти, витамини, минерали и антиоксиданти. Поголемата калорична вредност доаѓа од мастите и тоа оние кои се изградени од незаситени масни киселини како што е олеинската масна киселина, поради што помага во намалување на лошиот холестерол, а го зголемува нивото на добриот холестерол, поради што семките од бор се добри во превенирање на коронарните заболувања. Тие ја содржат и есенцијалната масна киселина-пиноленска киселина (омега-6 масна киселина), која според најновите научни истражувања дејствува на намалување на апетитот, односно дава чувство на ситост, со што допринесува во намалување на телесната тежина (го стимулира ослободувањето на пептидните хормони холецистокинин и хормонот пептид 1-сличен на глукагонот кои го супримираат апетитот). Семките од бор како и бадемот се одличен извор на витамин Е кој што е моќен липосолубилен (растворлив во масти) антиоксидант. Покрај тоа се одличен извор и на витамин Б1, Б2, ниацин, пантотенска киселина, витамин Б6 и фолати, манган, калиум, железо, магнезиум, цинк и селен.

Семките од бор на изглед се со слична форма, но подолги од зрната на ориз, а можат да се користат за арома, декорација на слатки и солени јадења или за појачување на вкусот.

Предлог рецепт: Алва од гриз со семки од бор

Потребни состојки: 1/3 шолја маслиново масло, 2/3 шолја гриз, ½ шолја шеќер, 1 шолја вода, 20g семки од бор, 1 лажичка цимет.

Начин на подготовка: во соодветен сад, на ниска температура се загреваат маслото, гризот и семките. Се мешаат 30 минути. Во друг сад се вари шеќерот со водата и потоа се додава на смесата со гриз. Се меша постојано додека убаво да се изедначи. Се распоредува смесата во мали садови, се остава да се излади, а потоа парчињата се вадат од садот и пред послужување се посипуваат со цимет. / 2000 kcal)

Image

 

Органско латури – жолта фава, 500g 

За прв пат на македонскиот пазар единствена и вкусна!

Мешунката латури-жолта фава е позната и како тревест грашок, црвен грашок или Санторини фава. Има кремаста текстура, а може да се служи како предјадење, грчко мезе со узо или како главно јадење.

Името фава доѓа од латинскиот збор fabaшто значи грав, но кога ќе се спомене зборот фава, грците мислат на сув боб (Vicia faba),  или грашок (Pisum sativum) или латури-жолта фава (Lathyrus cicera). Латури или жолтата фава е најдена на археолошките места на островите Санторини и Крит и датира од пред околу 1500 години пред нашата ера. Санторини фава е единствена и ретко се наоѓа. Има благо слаткаста арома и пријатен вкус. Сувата клима и вулканската почва која што е богата со калиум, магнезиум и железо обезбедува одлични услови за култивирање на ова растение кое е богато со протеини, витамини и минерали.

Рецепт за фава „married“ салата: 

Потребни состојки: 500g фава, 1 кромид, сол, ½ шоља маслиново масло, за декорација: 1 средно голем сечкан кромид, 1 лажичка капари

Начин на подготовка: фавата се потопува 30 минути во вода. Потоа се цеди, се префрла во тенџере, се прелива со вода и се остава да врие. Додека врие се отстранува создадената пена. При крај се намалува температурата, се додава кромидот и се остава да се готви 30-45 минути, а за тоа време не треба да се меша. Кога ќе се свари се тргнува од оган и се меша додека не се добие кремаста конзистенција. На крајот се додава солта и маслиновото масло. Во чинијата за послужување се декорира со сечканиот кромид и капари, а може да се додадат и маслинки.

Освен тоа жолтата фава може да се комбинира и со сув октопод, сардини или скуша, сушено свинско месо или плескавици.

Image

 

Органска црвена леќа, 500g

Црвената леќа е уште еден мешункаст производ која е богат извор на протеини, што е особено значајно за вегетаријанците и веганите. Има низок гликемиски индекс поради што е поволна за лица кои имаат проблеми зо зголемено ниво на шеќер во крвта. Растителните влакна кои ги содржи помагаат во правилно функционирање на дигестивниот систем, како и намалување на нивото на холестеролот. Таа е исто така добар извор на магнезиум, железо и фолна киселина. Поради нискиот гликемичен индекс спречува нагли скокови и падови на енергијата. Содржи мала количина на масти и е нискокалоричен производ, богат со макро и микронутриенти, поради што е добра намирница за лица кои сакаат да ја намалат телесната тежина.

Предноста на овој вид леќа е нејзиното брзо приготвување. Многу кратко се вари и брзо се распаѓа доколку ја сакате во вид на пире. Не е потребно потопување во вода пред готвење, а самото време на готвење е вкупно 20-30 минути.

Предлог рецепт: Салата од црвена леќа со кус-кус

Потребни состојки: 250g црвена леќа, ½ шолја кус-кус, 1 корен од целер, 2 глави свеж кромид,, 3 лажици маслиново масло, 2 лажици оцет, црвен пипер, сол.

Начин на подготовка: прво леќата се чисти, се става да врие 10-15 минути, се процедува и остава на страна. Се става да врие и подготвената количина кус-кус и кога ќе нарасне и омекне се префрла во поголем сад и се додава леќата, целерот и кромидот и се зачинува со маслото, оцетот, црвениот пипер и солта. Сè добро се меша и готово е за послужување.

Image

 

Органска сува бела црница, 150g

Белата црница има сладок вкус. Позната е по своите нутритивни карактеристики. Традиционално се користи за регулирање на шеќерот во крвта. Одредени состојки во овој плод помагаат да се забави разградувањето на јаглехидратите во системот за варење, а тоа овозможува тие побавно да се апсорбираат во крвта. На овој начин се спречува наглото зголемување на нивото на глукоза во крвотокот. Белата црница содржи високи концентрации на антоцијанини за кои науката покажала дека имаат поволно дејство врз здравјето преку заштита на организмот од канцерогени промени, невролошки заболувања, воспаленија, дијабетес и бактериски инфекции.

Исто така, богата е со витамин Ц што му помага на организмот полесно да се справи со влијанието на штетните слободни радикали и  на патогените микроорганизми.

Претставува одличен извор на железо, витамини од групата Б и витамин К што имаат важна функција во метаболизмот на шеќерите, протеините и на мастите.

Може да се конзумира самостојно или со друго овошје или пак да се додаде во појадок од мусли, житарки, јогурт и сл.

Image

 

Органска сува брусница, засладена со органски сок од јаболко, 150g 

Брусницата е грмушесто растение со црвени плодови. Потекнува од Северна Америка, каде домородците од дамнина ја користеле како храна, лек и во религиозни обреди. Поради нејзините својства заслужено се вбројува помеѓу најлековитите билки на светот. Богата е со растителни влакна, полифеноли, витамин Ц, калиум, калциум, магнезиум и други микронутриенти. Согласно научните истражувања познато е нејзиното поволно дејство на уринарните инфекции предизвикани од ешерихија коли, како и други бактериски и габични инфекции. Антибактериското својство се должи на присуството на хипуричната киселина. Брусницата исто така поволно делува на зголемување на отпорноста на организмот. Во други научни истражувања кои биле спроведени, се покажало дека средството за испирање на устата со брусница значајно ја намалило појавата на кариес. Полифенолите кои ги има во својот состав се компоненти со силно антиоксидантно дејство, со што многу ефикасно го штити организмот од слободни радикали и ја подобрува општата психофизичка состојба.

Предлог рецепт: Смути од брусница

Потребни состојки: 350g брусница, 1 јаболко, 1 портокал, ½ шолја шеќер, малку ѓумбир во прав.

Начин на подготовка: брусницата се мие, јаболкото и портокалот се чистат и сечкаат на парчиња, па сите состојки се мешаат кратко во блендер. Се остава смесата да отстои 15-тина минути, а потоа се става во фрижидер 2-3 часа. Пред послужување се промешува.