Bio Agros

Image Bio Agros
Image

 

Органски цејлонски цимет во стапчиња,18g

 

Се добива од кората на дрво (Cinnamomum zeylanicum) кое расте во тропските подрачја, која се суши така што се витка во тенки стапчиња. Стапчињата може да варираат според големината, а се користат како зачин за слатки, за креми, компоти, колачи, пити или за декорација.

Image

 

Органски чај од маточина, 30g

Маточината (Melissa officinalis) е билка од која потекнува од Европскиот континент. Има пријатен мирис на лимон, а во својот состав содржи полифенолни компоненти како што се биофлавоноиди и фенолни киселини, потоа танини, есенцијални масла и други компоненти на кои се должат нејзините антиоксидантни, антибактериски, антивирални, спазмолитички, седативни и релаксирачки својства. Нејзиното име маточина или медоносна билка доаѓа од фактот што содржи голема количина на нектар кој ги привлекува пчелите кои го собираат, порафи што често може да се сретне во близина на кошници со пчели. Познато е дека оваа билка се користела уште од дамнина, како од Плиниус и Диоскуридес, така и од алхемичарите во средниот век. Самостојно или во комбинација со други смирувачки билки како што се валеријана, хмељ и камилица ја намалува анксиозноста и овозможува подобар сон. 

Image

 

Органски чај од жалфија, 30g

Жалфијата (Salvia officinalis) е позната под различни имиња. Била користена уште одамна кај Старите Грци, а особено од грчкиот лекар Диоскуридис. За Римјаните оваа билка била позната како ,,Свето растение” и ја користеле за лекување на различни болести. Во традиционалната медицина е позната уште од најстарите времиња. Била користена кај воспаление на грло и и разни инфекции на дишните патишта, за вагинални и габични инфекции. Листовите од жалфија се користеле за чистење на забите и гингивата, а денес екстракт од жалфија е составна компонента на многу пасти за заби поради своето антисептичко дејство. Поради своето антисептично дејство исто така се применува за испирање при воспаление на грлото, појава на афти, воспаление на непцата, ларингитис и ранички во устата настанати од протези или некои други стоматолошки помагала. Во традиционалната медицина поради својство да делува адстрингентно се користела надворешно за спречување на крварење на рани, а воедно и дезинфекција на раната. 

Image

 

MAGIC DIET PASTA Органски шпагети од брашно од корен на коњак, 275g

Овие шпагети се новина на македонскиот пазар. Погодни се за вегани, без глутен и добар извор на растителни влакна. Се подготвуваат за 2 минути и имаат само 9 kcal на 100 g производ.  Не содржат пченица, масти и шеќер.

Шпагетите се подготвени од органско брашно од корен на коњак, кое се користи со векови за исхрана во Јапонија при спроведување на здрави диети. Шпагетите се погодни за лица со целијакија, бидејќи не содржат глутен, масти и сол, а погодни се и за вегани и вегетаријанци. Идеални се како храна за дијабетичари, срцеви болни и лица кои имаат проблем со прекумерна телесна тежина. Шпагетите од корен на коњак сами по себе имаат неутрален вкус и во комбинација со други намирници од нив може да се подготви вкусен и здрав оброк.

Во својот состав содржат пречистена вода 96,35%, органско брашно од корен на коњак и овесни влакна. Колку овие шпагети се нискокалорични може да се согледа од подолудадените нутритивни вредности.

Нутритивни вредности на 100 g производ: енергетска вредност 35kJ/9kcal (0,45%*), масти <0,1g, од кои заситени <0,1g  и незаситени <0,1g, јаглехидрати 0,2g, од кои шеќери <0,1g, влакна 4g, протеини 0,2g, натриум 2mg, глутен <5ppm.  *РВ - референтен внес на просечен возрасен човек (8400 kJ / 2000 kcal)