Bio Agros

Image Bio Agros

 

Image

 

Органски црвен ориз, 350g

 

Црвениот ориз е ферментиран производ на црвенит квасец Monascus purpureus кој го користи оризот како храна. Овој квасец содржи црвени пигменти на кои всушност се должи специфичната црвена боја на оризот. Ваквото ферментирање на оризот има долга традиција во азиските земји. Со векови во Азија и Индонезија бил користен како храна или како додаток за боење на хрната. Во Кина, Тајван, Филипини се користи како конзерванс за месо, риби, па дури и за производство на вино давајќи му убава црвена боја. Црвениот ориз се споменува и во старата кинеска фармакопеја на медицински билки и храна каде се посочува дека е добар за подобрување на дигестијата и ревитализација на крвта. Многубројните научни истражувања покажуваат дека црвениот ориз го намалува нивото на холестеролот и триглицеридите и на таков начин ја подобрува циркулацијата на крвта. Содржи компоненти познати како монаколини кои делуваат инхибиторно на синтезата на холестеролот во црниот дроб. Еден од нив е монаколин К кој има иста структура како лекот ловастатин кој се користи кај лица со зголемено ниво на масти. Испитувањата покажале дека со употребата на црвениот ориз нивото на  ЛДЛ (лошиот) холестерол може да се намали за 10-33 %. Овој ефект  може да се спореди со FDA одобрените статин лекови за намалување на нивото на холестеролот. Покрај монаколин К, црвениот ориз содржи и дихидромонаколин, монаколин I,II,III и IV, незаситени масни киселини (олеинска, линолна и линоленска), стероли, фенолни соединенија, растителни влакна, витамини од Б-групата (како ниацинот кој поволно делува на намалување на серумските липиди), минерали (магнезиум). Согласно поновите истражувања употребата на црвениот ориз може поволно да делува на намалување на ризикот од појава на срцеви заболувања и подобрување на состојбата кај лица со дијабет.

Може да се користи за подготвување на рижото, салати или како прилог на месо.