Bioagros SA - органски производи

Image Bioagros SA - органски производи

Bioagros SA  е реномирана грчка компанија во чиј асортимам можат да се најде богат избор на органски производи од категориите на:

- Органски житараки и мешунки

- Органски брашна

- Органска супер храна

- Органско суво овошје

- Органски снегулки од житарки

- Природни засладувачи

- Органски напитоци .....

 

..... и многу други висококвалитетни производи...кои може да ги набавите во нашите продажни места

 

Стевиал - засладувач од стевиа со еритритол, 100g

STEVIA
Zoom
STEVIA

 

 

 

5 пати посладок од шеќерот

0 калории

 

Слаткиот вкус на стевиата потекнува од гликозидите кои како издвоени соединенија при нејзина екстракција, имаат 250-300 пати поголема сладост од обичниот шеќер.

 

 

Органски Амарант, 500 g

amarant
Zoom
amarant

 

 

Органски сертифициран производ

Aмарантот е псевдожитарка и се употребува на ист начин како и сите други житни растенија. По изглед слична е на просото и се наоѓа на врвот на пирамидата за исхрана, бидејќи е супериорна по своите хранливи вредности во споредба со сите другите житарки. 

Може да се подготвува  и да се конзумира како самостојна намирница (на пример, како каша), но и како додаток во другите јадења. Може да се пржи и да се додава како зачин во супи, салати или варива или храна за бебиња.

 

Органски шеќер од кокос, 250 g

Image Органски шеќер од кокос, 250 g
Zoom
seker


Органски сертифициран производ

 

Шеќерот се добива од цветовите на кокос и се користи како природен засладувач. Поминува процес на минимална обработка и не содржи конзерванси. Содржи витамини Б1 и Ц и минерали калиум и железо.

 

Кокосовиот шеќер се произведува од сокот на кокосовата палма. Може да се употребува како засладувач на кафе и топло чоколадо, за глазури и правење на различни видови на слатки давајќи им посебен вкус.

  

 

 

 

SUPER NUTRIENTS органска хлорела, 100 g

Image SUPER NUTRIENTS органска хлорела, 100 g
Zoom
hlorela

 

 

Органски сертифициран производ

   

Хлорелата или супер храна е едноклеточна зелена алга која е богата со зелениот пигмент хлорофил, протеини, железо, витамини, минерали, витамин Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, Е и бета каротен.

Употреба: растворете една до две лажички дневно во чаша вода или сок. По желба можете да ја комбинирате со разни видови на шејкови.

Салеп Аладин - без шеќер, 84 g (7 ќесички х 12g)

salep aladin bez seker
Zoom
salep aladin bez seker

Салепот се добива со мелење на сушени луковици од планински орхидеи од родот на Orchis (Orchis mascula, Orchis militaris), се подготвува така што се попаруваат со врела вода, за да се отстранат остатоците, се сушат и мелат.

Салепот бил популарен пијалок во Западна Европа, а познат е и од дамнешни времиња и се среќава во записите на Хипократ, Ескулаб, Теофрастус.

Од него може да се подготви топол вкусен напиток кој благопријатно делува во студените зимски денови. Традиционално се употребува при настинка. 

 

 

 

 

Салеп Аладин – со зачини, 84 g (7 ќесички х 12g)

salep aladin so zacini
Zoom
salep aladin so zacini

 

 

Висококвалитетен салеп збогатен со зачини, со посебен пријатен вкус и мирис.

Комбинација на салеп со цимет, каранфилче, ѓумбир и морско оревче во единствен сооднос. Топол напиток за вистинско уживање во ладните зимски денови.Традиционално се употребува при настинки.

 

 

Органски грав-медиум, 500 g

Image Органски грав-медиум, 500 g
Zoom
grav

 

 

 

Органски сертифициран производ

 

 

Гравот спаѓа во групата на мешункасти растенија.

Извор е на протеини и растителни влакна.

Од него се подготвуваат познатите македонски традиционални јадења.

 

Органско гравче за вкусно македонско тавче!

Органски ситен грав-цацар, 500gr

Image Органски ситен грав-цацар, 500gr
Zoom
grav2

 

 

 

 

Органски сертифициран производ

 

 

За љубителите на вкусниот ситнозрнест грав цацар

Извор  на протеини и растителни влакна.

Спој на органското производство со традицијата.

Единствен вкус.

Органско какао во зрно, 150 g

Image Органско какао во зрно, 150 g
Zoom
kakao

Органски сертифициран производ

Какаото е едно од најконзумираните производи во светот. Древните цивилизации го сметале за храна на боговите, поради неговите несекојдневни плодови.

Предлог рецепт: Органско домашно чоколадо 

Органските какао изблендирајте ги на крупно измешајте ги со органскиот мелениот рогач. Додадете го кокосовото масло кое треба да е на собна температура. Органските урми ставете ги во блендер заедно со органските гоџи бобинките. Изблендирајте ги и измешајте ги со останатите состојки. Органските оревите и лешниците изблендирајте ги поединечно исто на покрупни парчиња. Измешајте ги и нив со останатите состојки. Формирајте плочка од самата мешавина и ставете ја во фрижидер да се стегне околу 1 час. Исечете го суровото чоколадо на помали парчиња и послужете го ладно.

SUPER NUTRIENTS- органско зелено кафе во зрнa, 150 g

Image SUPER NUTRIENTS- органско зелено кафе во зрнa, 150 g
Zoom
supertrofes-kafe

 

 

Органски сертифициран производ

Зеленото кафе потекнува од Перу, каде се култивира на надморска височина од 1400-1900 метри, во Ел Паломар, област позната по квалитетот на кафето.


Всушност, зрната од зелено кафе се зрна од свежо кафе. Со процесот на печење на кафето количината на хлорогенска киселина драстично се намалува. Хлорогенската киселина помага за намалување на телесната тежина.

 

Органски суви смокви, 250 g

Image Органски суви смокви, 250 g
Zoom
suvi-smokvi

 

Органски сертифициран производ

Суви смокви категорија А

Висококвалитетни смокви одгледувани во областа Таксиархис Евиа - Грција и сушени на традиционален начин. Зрелите смокви се берат рачно секојдневно и потоа се ставаат во мрежи на висина од 1 метар над земјата. На овој начин се сушат на сонце 8-10 дена, зависно од временските услови, до саканиот степен на содржина на влага.

Органско црно суво грозје, 200 g

Image Органско црно суво грозје, 200 g
Zoom
suvo-grozje

 

Органски сертифициран производ

Од областа Коринт-Грција

Сушењето на грозјето е инвентивна постапка која овозможува задржување на карактеристиките на грозјето и негово користење не само во летната сезона. Сувото грозје природно содржи железо, калиум и растителни влакна.

 

 

 

 

 

 

Органско бело суво грозје-султана, 200 g

Image Органско бело суво грозје-султана, 200 g
Zoom
belo-grozje

 

Oргански сертифициран производ

Од областа Коринт-Грција

Сувото бело грозје султана природно содржи железо, калиум и растителни влакна.

Органски сусам, 350 g

Image Органски сусам, 350 g
Zoom
susam

 

 

Органски сертифициран производ

Може да се употребува за декорирање на леб, слатки или салати. Омилена намирница на ориенталните народи која се употребува на многу начини во традиционални јадења, десерти, намази, леб, пецива, збогатувајќи го нивниот вкус.Извор е на есенцијални масни киселини, витамини и минерали.