COCO

Image COCO

 

COCO Органска кокосова вода,

330 ml 

Освежителна и вкусна, незаменлив дар од мајката природа!

 

COCO органска кокосова вода од зелен кокос за сечиј вкус!

 

Органски сертифициран производ. Свежа и чиста 100% органска кокосова вода, без промени во природниот состав. Производот кој не е добиен од концентрат.

Кокосовата вода (сок од кокос) е течност која се добива директно од плодот на кокосот без месестиот дел. Сокот од кокос или популарно познат како кокосова вода е идеален освежителен напиток, нискокалоричен (11 kcal на 100 ml) и минерално избалансиран што овозможува да биде оптимално искористен од организмот.

Со COCO кокосовата вода секогаш пиете вода со проверен квалитет и по европски стандарди.

 

Зошто да се пие кокосова вода?

· Кокосовата вода природно содржи калиум, натриум, хлориди, шеќери, витамини, аминокиселини и согласно научните и клинички испитувања се смета за хидрирачки напиток.

· Со пријатен слаткаст вкус за деца и возрасни.

· Кокосовата вода од нутритивен аспект може да се користи при диети каде треба да се редуцират високо калоричните производи

· Луѓето од тропските краеви одамна ги имаат почувствувано бенефитите од користењето на овој природен напиток.

· Традиционално кокосовата вода со својот изотоничен ефект се употребува за гаснењена жедта при високите температури во топлите летни денови.

· Во Индија користењето на кокосот во ајурведската медицина е документирано во Sanscrit уште пред 4000 години.

· Компарирано со течностите за орална рехидратација, кокосовата вода е адекватен извор на калиум и глукоза.

· Согласно многубројните студии кокосовата вода има изотоничен ефект и поради нејзините нутритивни вредности, може да ги компензираат загубите на минералите подобро отколку да се пие само вода.

· Научните истражувања покажуваат дека кокосовата вода кај спортистите има сличен хидрирачки ефект како и јаглехидратните енергетски спортски напитоци.

Тест профил за квалитетот на COCO кокосовата вода: за Европа/Америка

Малку слаткаст, слабо кисел (pH>5.1); IFS Food 6 стандард за производство; 100% чист (NFC-non from concentrate)- највисоко ниво според европската регулатива за овошен сок.

Добро за вас: Ниска калорична вредност (11kcal на 100 ml производ), лесен и освежувачки чист сок; содржи витамини и минерали; висок квалитет и долга традиција на употреба; од 100% зелени кокосови плодови; 100% природен и чист со органски квалитет, произведен со одржливост.