Corine de Farme

Image Corine de Farme

 

Image

 

3 in 1 Incredibles 2

Гел за туширање и пенлива купка со арома на круша 500мл

За тело и коса

- За чувствителна кожа

- Дерматолошки и офтамолошки тестирано

- Формулирано под фармацевтска контрола

Овој екстра нежен гел за туширање, со арома на круша е специјално дизајниран за чувствителната кожа и коса на Вашето дете. Може да се употребува и како пенлива купка за во бања.

Image

 

Екстра-нежна купка за туширање

За новороденчиња, бебиња и возрасни, 500мл 

Со цвет од бадем

- 100% од природно потекло

- Не содржи сулфат, парабен, феноксиетанол, алкохол и сапун

- Дерматолошки и педијатриски тестирано

- Хипоалергенски

Оваа екстра-нежна купка за туширање е специјално развиена за нежно чистење на чувствителната кожа и деликатната коса на бебињата и возрасните.Збогатена со екстракт од цвет од бадем познат по своите омекнувачки и навлажнувачки својства, оваа формула без сапун го намалува ризикот од сушење на кожата на вашето бебе и ја остава кожата мека, хидрирана и лесно миризлива. По употреба косата е мазна и свиленкаста. Не ги пече очите.

Image

 

Екстра-нежен шампон

За новороденчиња, бебиња и возрасни, 500мл

Со цвет од бадем

- 100% од природно потекло

- Не содржи парабен, феноксиетанол, алкохол и сапун

Дерматолошки и педијатриски тестирано

- Хипоалергенски

Овој екстра-нежен шампон е специјално развиен за нежно чистење на чувствителната коса на бебињата и возрасните. Збогатенa со екстракт од цвет од бадем познат по своите омекнувачки и навлажнувачки својства, оваа формула без сапун го одржува балансот на скалпот. По употреба косата е мазна и свиленкаста. Лесно се плакне и го олеснува чешлањето. Не ги пече очите.

 

Image

Нежен крем за 24 часовна хидратација, 50мл

Со екстракт од цвет од божур

- Со природни екстракти

- За сува и чувствителна кожа

- Дерматолошки и фармацевтски тестирано

- Хипоалергенски

- Создадена со прецизни дози на прочистени растенија и цвеќиња

Овој нежен крем овозможува 24 часовна хидратација на кожата благодарение на Hydra nature комплексот, патентирана комбинација на шеќери и растителен глицерин, која обезбедува интензивна хидратација во текот на целиот ден. Формулата, збогатена со природен екстракт од цвет од божур со смирувачки својства, ја осветлува, смирува и заштитува кожата и и дава чувство на непосредна и долготрајна мекост и пријатност. Воздушната немасна и нелеплива текстура веднаш се апсорбира во кожата, со што претставува одлична основа пред нанесување на шминка.

Докажана ефикасност: Кожата е мека и хидрирана, сјајна, регенерирана, видливо поубава и еластична.

         96%* од испитаните жени изјавиле дека кожата е интензивно хидрирана

-        - 88%* од испитаните жени изјавиле дека кожата е мека

-        - 88%* од испитаните жени изјавиле дека кожата е пријатна

*задоволство од само-проценка на 25 жени по 3 недели употреба

Image

Гел-крем за свежина и интензивна хидратација, 50мл

Со екстракт од синчец

- Со природни екстракти

- За нормална до комбинирана кожа

- Дерматолошки и фармацевтски тестирано

- Хипоалергенски

- Создадена со прецизни дози на прочистени растенија и цвеќиња

Овој гел-крем за свежина и интензивна хидратација овозможува целосна хидратација на кожата благодарение на Hydra nature комплексот, патентирана комбинација на шеќери и растителен глицерин, која обезбедува интензивна хидратација во текот на целиот ден. формулата, збогатена со природен екстракт од синчец со освежувачки својства, ја освежува, осветлува и заштитува кожата и и дава чувство на непосредна и долготрајна благосостојба. Ултра лесната текстура на овој гел-крем веднаш се апсорбира во кожата, со што претставува одлична основа пред нанесување на шминка.

Докажана ефикасност: Кожата е интензивно хидрирана и регеренирана, сјајна и видливо помека.

-        - 92%* од испитаните жени изјавиле дека кожата е интензивно хидрирана

-        - 88%* од испитаните жени изјавиле дека кожата е свежа и сјајна

-        - 79%* од испитаните жени изјавиле дека кожата има блескав тен

*задоволство од само-проценка на 24 жени по 3 недели употреба.