Gullon

Image Gullon

СЛАТКИ ЗАДОВОЛСТВА БЕЗ ШЕЌЕР И БЕЗ ГЛУТЕН

Galletas Gullon - Шпанија

Заради одличната прифатеност на бисквитите на Galletas Gullón од нивната линија SUGAR FREE производи без шеќер, ви ги преставуваме новите производи – едните без шеќер а другите без глутен. Еден производ ја има и одличната комбинација без шеќер/без глутен.

Програмата SUGAR FREE е дополнета со пет нови производи:

► Бисквити од овес без шеќер

► Сендвич колачиња без шеќер од какао

► Интегрални бисквити без шеќер за појадок

► Интегрални бисквити без шеќер за појадок со полнење

► Бисквити без шеќер со темно чоколадо

 

Поради отсуството на сахароза овие производи се погодни за дијабетичари кои можат да си дозволат по неколку колачиња без да го подигнат нивото на гликоза во крвта! За подобра информираност, погледнете ги нутритивните табели на етикетите на производите.

Втората линија на производи кои ви ги претставуваме се GLUTEN FREE - без глутен.

Заеднички карактеристики на производите се:

♦ Без глутен, погодни за лица со нетолеранција на глутен

♦ Без лактоза

♦ Содржат сончогледово масло богато со мононезаситени масни киселини

♦ Не содржат јаткасти плодови и јајца

♦ Бисквити без глутен со парчиња чоколадо без шеќер

 

Ви ги претставуваме седумте нови слатки задоволства без глутен:

  1. Бисквити без глутен (солени) – без лактоза, без јајце, без јаткасти плодови
  2. Бисквити SHARKIES со какао без глутен – без лактоза и без млечни протеини, без јаткасти плодови погодни за појадок за најмладите
  3. Колачиња без глутен со парчиња чоколадо
  4. Интегрални бисквити без глутен
  5. Колачиња без глутен
  6. Бисквити без глутен со вкус на карамел
  7. Бисквити без глутен со вкус на карамел
Уживајте без грижа на совест!