Harmonica

Image Harmonica

 
 

Image

 

Harmonica – Ghee - Органски кравји путер, 215 г

Изборот на вистински масти за готвење е основа на добриот оброк, не само поради вкусот, туку и поради доброто здравје. Еден од тие производи е и кравјиот путер или Ghee – органски сертифициран производ со златна боја и полн вкус. Се подготвува само од најчистиот кравји путер со филтрирање и отстранување на водата со отпарување. Не содржи лактоза и казеин, поради што е добар за диети без лактоза кај лица со интолеранција на шеќерот лактоза и интолеранција на протеинот казеин.

Со својот деликатен вкус и суптилен мирис е одличен за готвење, дури и на високи температури (250°C). Отпорен на ужегнување и поедноставен за чување со многу подолг рок на употреба од обичниот путер.  Полесно се вари во организмот во однос на другите животински масти.

Се подготвува така што кравјиот путер прво се топи на ниска температура. Кога ќе премине во течна состојба се формира бела пена на површината која се отстранува. Процесот се повторува се додека путерот не добие чиста златна боја и благ јаткаст вкус. Потоа се пакува во стаклени тегли.

Може да се употребува самостојно како намаз или за готвење.

Доброто здравје е во хармонија со природата!

 

Image

 

Harmonica – Elderberry cordial - Органски сируп од плод од бозел, 750 мл

Органски сертифициран производ кој се состои од 40% воден екстракт од плод на органски бозел, органски нерафиниран шеќер од шеќерна трска (кој ја има улогата на природен конзерванс) и лимонска киселина.

Се подготвува од плодови на див органски бозел, собрани од сертифицираниот регион на Лудогорскиот планински предел, по традиционален метод кој се употребува со генерации и со кој се задржуваат сите нутритивни вредности. Oд дамнина во народната медицина бозелот се употребувал за зајакнување на имунолошкиот систем.

За добивање на добар освежителен пијалок се разредува со негазирана или газирана о однос 1 : 7 и тоа 1 дел сируп и 7 делови  вода.

Вкусете ја пролетната свежина во зимските денови!