Хималајска сол

Image Хималајска сол

ТАЈНАТА И ЕНЕРГИЈАТА НА РОЗЕВИТЕ КРИСТАЛИ

 

ХИМАЛАЈСКА СИТНА СОЛ - ЈОДИРАНА

Хималајската сол е повеќе од натриум и хлор. Кога зборуваме за неа, мислиме на оригинална кристална сол која доаѓа  од едно специфично место на Хималајските Планини во Пакистан кои се најголемиот планински масив во светот. Се добива од рудниците по  традиционален метод и потоа се суши на сонце. Се смета дека е најчистата сол, бидејќи се наоѓа под површината на земјата каде илјадници години останала заштитена од сите атмосферски влијанија и загадувања. Во минатото била ретка и многу драгоцена, бидејќи тешко можела да се набави и претставувала симбол на моќ и богатство.

Таа е сол која во својата оригинална форма е холистички, здрава, непроменета природна сол која настанала  на Земјата со кристализација од пред околу 250 милиони години. Ги содржи сите природни елементи  и елементи во трагови (84), кои се наоѓаат во човечкиот организам, па со нејзина употреба во исхраната нашето тело се снабдува со потребните минерали за нормален развој.

Солта е неопходна и присутна во секојдневната исхрана, но честопати сме предуредувани за нејзино умерено користење, бидејќи може да биде причина за многубројни метаболички нарушувања, а поборниците на здравиот начин на исхрана пак неретко рафинираната сол ја нарекуваат и бела смрт. Рафинираната бела сол главно содржи натриум хлорид. За разлика од неа хималајската сол покрај натриум хлорид содржи и многубројни минерали (калиум, калциум, магнезиум, железо...) од каде и потекнува нејзината розеникава боја. Овој податок укажува на големата вредност и значење на употребата на хималајската сол во исхраната. Може да се употребува како и обичната сол во најразлични јадења: месо, салати, варива, супи, при подготвување на разни печива давајќи им посебен вкус и мирис. Освен во исхраната може да се употребува и за подготвување на купки, инхалации при проблеми со запушен нос, маски за лице и др. Во последно време често можеме да ја сретнеме и како составна компонента на многу козметички препарати. 

Хималајската сол нема рок на употреба, но кога ќе се јодира нејзиниот рок на употреба е 3 години, период во кој може да се гарантира декларираната содржина на јод. Република Македонија се смета за ендемско подрачје за појава на заболувањето на тиреоидната жлезда познато како струма или гушавост. Причината за тоа е што почвата на нашата земја е сиромашна со јод кој е неопходен за синтеза на тироидните хормони. Токму поради тоа донесена е и законска регулатива за употреба на јодирана сол во исхраната.

Недостатокот на јод во исхраната може да предизвика и низа други пореметувања како што се: забавен физички и ментален развој во детството и пубертетот; намалена репродукција, функција на тиреоидната жлезда и ментални функции кај возрасните; како и нарушувања за време на бременоста и по породувањето (абортус, предвремено породување, аномалии кај новороденчето).

Хималајската сол на Zegin Healthy Food во својот состав содржи: натриум хлорид  97.8 %, калиум, калциум, магнезиум, железо и јод 20 -30 mg/kg во форма на калиум јодат (KJO3), согласно регулативите за содржина на јод во Република Македонија.рав.