HOLLE ОРГАНСКА БЕБЕШКА ХРАНА

Image HOLLE ОРГАНСКА БЕБЕШКА ХРАНА

80 години љубов, грижа и Holle

Горди сме на 80-годишната историја на нашата компанија и фактот дека Holle е еден од водечките производители на органска храна за бебиња. За ниту едни други производи очекувањата за квалитет не се високи како кај бебешките производи. Во голема мера ја цениме вашата доверба во Holle како родители и се обврзуваме да ја одржиме нашата тесна врска со биодинамичкото земјоделство. Holle е еден од најстарите производители на храна за бебиња во Европа. Алберт Дифенбах ја основал оваа компанија како специјална компанија за преработка на храна во Арлсхајм во 1933 година. Ова беше основата за огранска храна за бебиња. Дури и тогаш филозофијата на компанијата се базирала на антропозофски диететски принципи и биодинамички квалитет.

Повеќе од 80 произоди ја носат пораката за “љубов, грижа и Holle”. Уште од самиот почеток природниот квалитет е нашиот водечки принцип – дури и пред 80 години Holle бескомпромисно ја отфрли хемиската обработка и конзервансите. Денес користиме само суровини и состојки од биодинамичко или органско земјоделство и внимателно ги обработуваме. Ова е основата на специјалниот квалитет на Holle.

Одржливост од самиот почеток

Пред повеќе од 80 години Holle започна со производство на храна за бебиња користејќи Demeter производи. Свесни сме за фактот дека ние, како производител на храна за бебиња, носиме огромна одговорностза животната средина, бебињата и нивната иднина. Како резултат на тоа, одржливото управување и општествената одговорност отсекогаш биле меѓу главните вредности на нашата компанија. Нашите методи на работа се засноваат на желбата идните генерации да живеат во здрава животна средина. Во конкретна смисла, тоа значи дека постојано работиме напорно да го направиме Holle уште поодржлив, имплементирајќи широк спектар мерки и проекти.

Историјата на Holle

Од 1933 година

Во 1933 година во Арлсхајм е основана компанијата Holle Food AG. Набргу потоа произведена е првата органска храна за бебиња – што го прави Holle првиот производител на органска храна за бебиња во Европа.

До околу 1960 година бебешката храна на Holle била исклучиво достапна во Швајцарија. Оригиналниот асортиман бебешка храна вклучувал неколку видови оброци базирани на житарки наменети за хранење од шише, како и каши што се користеле во комбинација со свежо млеко или со овошје.

Holle станува првата Demeter компанија

Основана како пионир на биодинамичката храна (леб, снегулки, житарки и бебешки кашички) Holle беше една од првите сертифицирани Demeter компании. Денес, Holle е една од водечките Demeter сертифицирани производители на бебешка храна.

1960тите години

Во шеесетите години Holle го прошири својот асортиман и на германскиот пазар преку специјализираниот синџир Reformhaus.

1980тите години

Се отвораат нови пазари во Европа. Со почетокот на движењето на органската храна, производите на Holle се сé повеќе достапни на органските пазари и сектори.

1990тите години - Проширување на палетата на производи

Палетата на производи на Holle започнува да се шири со воведување на асортиманот на производи во теглички. Воведувањето на првите органски млечни формули за бебиња и доенчиња со 99% органски суровини започна во средината на 1990тите години. Ова го позиционираше Holle како еден од првите добавувачи во Европа што нуди комплетен асортиман на храна за бебиња со сертифициран органски квалитет, почнувајќи од чаеви, па се до кашички, двопек, бисквити и овошни барови.

1996 - Аутсорсинг производство до Германија и Европската Унија

До 1995 година, производството се одржувало во Швајцарија. Како резултат на зголемената меѓународна побарувачка стана неопходно да се обезбеди подобар пристап до пазарот на ЕУ. За оваа причина производстово на Holle кашичките беше префрлено од Швајцарија во Германија. Сега постојат производствени линии во Германија и во рамките на ЕУ.

1999 - Почетокот на Holle baby food GmbH

Моменталните извршни директори Петер Кропф и Удо Фишер се приклучија на компанијата во време кога економските услови биле исклучително тешки. Сепак, биле убедени дека биодинамичката бебешка храна има светла иднина и ќе игра значајна улога во обезбедувањето на нашите деца со здрава храна. Оваа верба била и причината тие заедно да ги купат глобалните маркетинг права и да ја основаат Holle baby food GmbH во 1999.

Од 2000 година - Holle се шири низ светот

Од 2000 година па наваму пазарот постепено порасна во рамките на Европа. Започнувајќи во Шпанија, Португалија и Грција експанзијата брзо следела и во Англија, Ирска и Исланд. Подоцна Holle се прошири на глобално ниво и сега е достапен во Азија, Австралија и Нов Зеланд.

2009 - Бебешко млеко достапно со Demeter квалитет

Од 2009 сите бебешки млечни формули за доенчиња и бебиња од Holle се произведени со Demeter кавлитет. Ова е и годината кога се воведе и брендот “Lebenswert bio”. Holle сеуште е единствениот производител во Европа со сеопфатен асортиман бебешка храна со Demeter квалитет.

Holle учествува во ‘Маршот против ГМ’

Заедно со илјадници други поддржувачи Holle учествуваше во вториот марш за свет без ГМ технологија од Берлин до Брисел.

2012 – Првата CO2 ревизија

Holle спроведе сеопфатна ревизија за CO2 со цел да се измери емисијата на јаглерод диоксид, со посебен акцент на комплетниот процес на производство на млекото – од кравите па се до крајниот потрошувач.

Лансирање на “Holle bio Service GmbH, Grünsfeld”

Во 2012 Holle го лансираше германскиот бренд “Holle bio Service GmbH, Grünsfeld”. Од тогаш, Holle има свој склад со простор за 4000 палети.

Проширување на кинескиот пазар

Во 2012 Holle започна со отворање на пазарот во Кина со своите органски млека и формули за доенчиња. Од тогаш побарувачката е толку голема што Holle е многу добро застапен на пазарот и во 2013 година ја основа својата подружница “Holle baby food China, Peking”.

2013 - Првото CO2 неутрално Demeter бебешко млеко

Во својата осумдесетта година како органски пионер Holle оди чекор понатаму и го воведува на пазарот првото CO2 неутрално Demeter бебешко млеко и формула за доенчиња.

Holle денес

Денес Holle е единствениот производител во Европа со речиси комплетна палета бебшка храна со Demeter квалитет. Компанијата има погон во Риен во Швајцарија и Гринсфелд во областа Баден-Виртемберг во Германија. Палетата на производи вклучува бебешки млека и формули за доенчиња, кашички, чаеви, барови и ужинки.

Критериуми за квалитет на Holle

·         За одгледување на суровините не се користат пестициди или хемиски ѓубрива. Се користат само био-динамична или органски одгледувана храна.

·         Блискиот работен однос со нашите Demeter сертифицирани фармери гарантира долгорочно снабдување на високо квалитетни суровини и состојки.

·         Се обрнува големо внимание на суровините и состојките и на начинот како тие се обработуваат и приготвуваат. Ова се гарантира преку континуирана контрола на квалитетот.

·         Секоја храна што се подготвува постојано се проверува за да се гарантира дека ги исполнува највисоките правни, безбедносни и нутритивни потреби.

·         Сите производи гарантирано не содржат генетски модифицирани состојки (во согласност со прописите на ЕУ). Никогаш не се користат вештачки ароми, бои и конзервански и не се додава рафиниран шеќер.

Органското сертификационо лого на ЕУ се јавува на секој од нашите производи. Тоа е гаранција дека нашите производи се одгледуваат и обработуваат на цврсто регулиран начин за да се обезбеди нивниот квалитет. DE знакот ја означува Германија. Под него, стои знак за потеклото на преработените суровини, на пример “EU-agriculture”.

Demeter е трговска марка за производи што се произведени од биоднамичко земјоделство. Само строго регулирани партнери може да го користат Demeter знакот. Овие одредби се поставени од страна на Demeter Society, чии критериуми се шират над стандардната сертификација за органско земјоделство. Од одгледување до обработка, сите фази на производството се проверуваатбез никакви компромиси.

Холистички квалитет

Храната што го носи знакот на Demeter е одгледана според строги биодинамички стандардиво хармонија со природата. Биодинамичките земјоделци користат органски пристап што ги потенцира холистичките квалитети на нивните растечки циклуси. Без оглед дали се работи за почва, семе, растенија, животни или луѓесекој елемент во земјоделскиот систем има своја уникатна важна улога. Сите елементи се подржуваат и зајакнуваат меѓусебно и на тој начин создаваат домаќинство, што претставува еден природен и автономен жив организам. Основната почетна точка е здрава почва, што е полна со виталност. Овие земјоделци користат ѓубре, рачно изработени растителни и минерални препарати, како и зелени ѓубрива за зајакнување и збогатување на почвата. Плодноста на почвата и хумусот се клучни елементи во биодинамичкото земјоделство. Растенијата растат во здрава животна средина. На тој начин се во можност да го земат максималниот износ на хранливи материи, кои преку млекото се пренесуваат кај вашето бебе.

Преработката на сировите биодинамички состојки е исто така строго регулирана и е направена на таков начин да се зачува максималната содржина на хранливи материи. Во биодинамичкото замјоделство строго е забранета употребата на хемиски и синтетички пестициди и вештачки ѓубрива и ГМ технологија, како и додавање на сомнителни состојки за време на обработката. Demeter земјоделството е единствено во својот конзистентен и холистички пристап, бидејќи преку своите биодинамички методи, и дава повеќе на природата отколку што и зема.

Квалитет преку природна нега на животните

Квалитетот на Demeter сертифицираното млеко е исклучително висок, има одличен вкус и лесно се вариблагодарение на природниот начин на кој се одгледуваат кравите.

Биодинамичките одгледувани крави живеат во мали стада; тие редовно пасат надвор во ливадите и јадат единствено храна природно богата со органско сено и зеленило. Овој начин на одгледување гарантира дека кравите се силни и здрави. Природниот начин на кој се одгледуваат сертифицираните Demeter крави во голема мера влијае на хранливата вредност на млекото. Ова млеко има висока содржина на витамин Е и бета-каротен. Исто така е природно богато со омега 3 и омега 6 масни киселини. Згора на тоа, бидејќи нивната исхрана е богата со вегетација, независните тестови постојано покажуваат дека млекото од овие крави не само што има одличен вкус, туку е и фино избалансирано. Кога кравите се молзат, Demeter сертифицираниот процес на производство на свежо млеко се врши на таков начин за да се задржи високата хранлива вредност.

 

www.holle.ch/en_GB/baby-food