HUOBER ГРИЦКИ

Image HUOBER ГРИЦКИ

HUOBER BREZEL 

“СЕКОГАШ   СВЕЖИ   И   КРЦКАВИ

Органски производи од категоријата на грицки, произведени од реномираната германска компанија HUOBER BREZEL. Почетоците на оваа компанија датираат од пред 65 години кога пекарот Emil Huober добил идеја да направи вкусни и крцкави переци во својата мала пекара. Уникатноста на неговите переци била во тоа што секогаш биле свежи и крцкави.

Image


 

Органски мини солени переци, 40 g

Вкусни и крцкави мини переци, кои се направени од состојки од органско производство. Со едноставен состав, а единствени во традиционалниот начин на подготвување на тестото, при кој времето на природно растење и споро печење на тестото, ја дава убавата форма и крцкавост на переците.

Image

 

Органски солени переци, 175 g

Переците Swabian се крцкави и наизглед како и сите други переци, но нивниот посебен вкус и крцкавост ќе ве воодушеват. Направени од органски состојки и со посебна пекарска постапка при која тестото внимателно се замесува, се остава одредено време да се одмори па се обликува во специфична форма и пече. На крај се добива карактеристичната боја на переците, крцкавата текстура и фантастичниот вкус.

Image

 

Органски мини переци со чили, 75 g

Органските мини переци со чили се зачинета верзија на многу популарните мини переци, погодни за љубителите на пикантен вкус. Направени се од внимателно одбрани состојки од органско производство, зачинети со мешавина на зачини од пиперка, кориандер и кумин по сопствена формулација на компанијата. На зачинетото тесто дополнително е додадено малку суво чили. Оваа необична мешавина ќе ви овозможи да уживате во единствениот пикантен вкус и арома на крцкавите переци за време на Вашиот одмор и релаксација од секојдневната напорна работа и стрес.

 

Image

 

 

Органски соленки, 40 g

Вкусни и крцкави соленки во практично пакување, подготвени од најквалитетни органски состојки, прв пат направени во 1960 година, согласно девизата на компанијата секогаш свежи и секогаш крцкави. Закуска за целото семејство во практично пакување од 40g.

Image

 

Органски долги соленки со сусам, 150g

Екстра долги соленки со светла боја и врвен квалитет. Внимателно замесеното тесто со сусам, се формира во долги стапчиња, чија површина умерено се посолува, давајќи му на производот неодолив вкус кој по печењето се надополнува со карактеристична крцкавост. Вистинско уживање за различни пригоди!

Image

 

 

Органски микс од соленки и переци, 300g

 

Мини переците и соленки се најпознати грицки кои можат да се најдат во различни комбинации и пакувања. Ова пакување е едно од најпопуларните од асортиманот на HUOBER. Пакувањето е практично и можете да го поставите на различни места и во секаква прилика. Погодни за време на одмор, гледајќи го вашиот омилен филм, сами или во друштво на Вашите пријатели, на забави, пикник.

Image

 

 

Органски солени Party Mix грицки, 250g

Органски производ за сите вкусови. Внимателно подготвена мешавина од органски состојки и јачменов слад добиен со биодинамично производство. Вистинска уметност во изработката на мини переци и крцкави крекери со сусам и семе од афион. Бидете единствени во изборот на грицки за Вашата следна забава!