Holle 3

Image Holle 3

HOLLE 3

Последователна формула за доенчиња од органско козјо млеко

По 12 месец

400 g

СЕРТИФИЦИРАН ОРГАНСКИ ПРОИЗВОД

Holle 3 Последователна формула за доенчиња од органско козјо млеко е млечна формула произведена од органско козјо млеко. Млекото е добиено од кози кои се одгледувани во согласност со ЕУ регулативите за органско земјоделство.

♦ Соодветно за посебна нутритивна употреба од страна на доенчињата после 12 месец до навршена 3 годишна возраст како дел од мешовита исхрана

♦ Може да се употребува после доење, по употреба на Holle 2 Почетната формула за доенчиња од органско козјо млеко или наместо било која друга последователна формула.

♦ Holle 3 Последователна формула за доенчиња од органско козјо млеко може да се користи и за подготовка на Holle органските кашички

HOLLE е швајцарски производител на органска бебешка храна уште од 1930 година. Сите производи на Holle се произведени од органски / биодинамични состојки. Сите вештачки хемикалии и конзерванси БЕЗ ИСКЛУЧОК се исклучени од составот на производите на Holle уште од самиот почеток на неговото постоење.

Вообичаена подготовка:

13.4g прашок + 90ml зовриена вода = 100ml готов млечен оброк. 

Едно пакување од Holle 3 Последователна формула за доенчиња од органско козјо млеко одговара на околу 30 готови оброци од по 100 ml.

Подготовка: Секогаш подготвувајте ја формулата со чисти и суви раце. Шишињата, цуцлите, прстените, капачињата, чашите, ножот и лажичката треба да бидат добро измиени. После миење, стерилизирајте ги со вриење 3-5 минути. До самата употреба чувајте ги шишињата и капачињата покриени. Зовријте ја потребната количина на вода и потоа изладете ја на температура од 50˚C. Налејте во шишенцето околу половина од потребната вода. Водата треба да биде предходно зовриена и изладена. Посебно подготвувајте го секое шишенце. Наполнете ја мерната лажичка и поравнете со помош на нож. Секогаш користете ја мерната лажичка која се наоѓа во кутијата. Додадете ја потребната количина прашок на водата. Добро протресете.  Додадете го остатокот на вода и повторно протресете. Оставете да се излади на температура од околу 37˚C пред употреба. Ако не ја користите формулата веднаш, можете да ја чувате во фрижидер најдоцна до 24 часа. Преостаната количина од формулата во шишето или чашата после хранење не смее повторно да се употребува.

Табеларен приказ на дозирање кај доенчиња по 12 месечна возраст

Количина                Мерни            Готов оброк            Шишенца

на вода (ml)           лажички*               (ml)                      на ден

    150                          5                          170                         

    180                          6                          200                      1-2      

    210                          7                          230                                                 

*Една мерна лажичка = 4.4 g прав

Најдобро е да ја подготвувате формулата пред самата употреба. Ако не ја користите веднаш, чувајте ја подготвената формула во фрижидер и употребете ја најдоцна до 24 часа.

♦ За одржување на здравјето на Вашето бебе задолжително придржувајте се кон наведените инструкции. 

♦ Подготвувајте ги шишињата и цуцлите како што е наведено. Секогаш користете ја приложената мерна лажичка.

♦ Придржувајте се кон препорачаното дозирање. Така ќе бидете сигурни дека Вашето бебе ги прима сите хранливи состојки кои му се потребни. Немојте да ја менувате количината на прашок освен ако Вашиот лекар не Ви препорача. Несоодветниот начин на подготовка или чување може да го загрозат здравјето на Вашето бебе. 

♦ Секогаш подготвувајте свеж оброк за Вашето бебе. Не го користете остатокот од храна за следниот оброк.

♦ Поради опасност од прегревање храната не смее да се загрева во микро печка

Важна напомена:

     ♦ Мајчиното млеко претставува најприродна, најдобра прехрана за Вашето бебе. Преку доење Вашето бебе ги добива сите потребни корисни состојки и витамини. Производот може да се користи само по препорака на стручни лица од областа на медицината, фармацијата или исхраната. Holle 3 Последователна формула за доенчиња од органско козјо млеко е соодветно за посебна нутритивна употреба од страна на доенчињата после 12 месец како дел од мешовитата исхрана и не смее се користи во првите 11 месеци од животот како замена за мајчино млеко. Одлуката за отпочнување на одбивање – прекинување на доењето пред 6 месечна возраст треба да биде со помош и по совет на стручни лица од областа на исхраната и зависи од степенот на индивидуалниот развој и потребите на Вашето бебе.

♦ За да се заштитат забите од можна појава на кариес, не му го давајте шишето на бебето за смирување. Внимавајте на хигиената на устата на Вашето бебе посебно по појавата на првите запчиња.

Нутритивни информации (на 100 ml готов производ): eнергетска вредност 281кJ/67 kcal, белковини 1.5g, масти 3.3g (заситени масни киселини 1.7g,  транс масни киселини 0.04g, полинезаситени масни киселини 0.4g, мононезаситени масни киселини 1.2g), јаглени хидрати 7.9g (шеќери 3.8g, влакна 0.0g), натриум 18.4mg, витамин А 69.3mcg, витамин Б6 56mcg, витамин Б12 0.14mcg, витамин Ц 13 mg, витамин Д 1.2mcg, витамин Е 1400 mcg, витамин К 7.9mcg, биотин 2.7mcg, ниацин 0.61mg, фолати 19.6mcg, пантотенска киселина 550mcg, рибофлавин 130mcg, тиамин 74mcg, калциум 57.3mg, бакар 54mcg, јод 22.4mcg, железо 0.68mg, магнезиум 6.03mg, манган 13mcg, фосфор 44.9mg, селен 1.9mcg, цинк 0.56mg, хлориди 69.4mg, калиум 82.8mg.

Состојки: полномасно козјо млеко во прав*41%, малтодекстрин*, лактоза*, растителни масла* (палмино масло*, масло од семе од репка*, сончогледово масло*), скроб*, витамин Ц, калциум карбонат, натриум цитрат, Л-триптофан, Л-цистин, Л-изолеуцин, витамин Е,  железо лактат, цинк сулфат, калциум Д-пантотенат, ниацин, бакар сулфат, витамин А, тиамин, рибофлавин, витамин Б6, манган сулфат, калиум јодат, фолна киселина, витамин К1, натриум селенат, биотин, Витамин Д, витамин Б12. *Состојки од органско производство.