КРАЛСКА КИНОА

Image КРАЛСКА КИНОА

Киноата (Chenopodium quinoa) е псевдожитарка која се одгледувала на Андите уште пред илјадници години и имала значајно место во исхраната на луѓето од таа област. Поради големата нутритивна вредност позната е како суперхрана и зазема се позначајно место во исхраната на луѓето ширум светот. Киноата има единствен состав на макро и микронутриенти кои ја издвојуваат како супериорна во групата на досега познатите житарки.

Протеините кои се застапени 12.9-16.5% се лесно сварливи  и без присуство на глутен, поради што може да ја употребуваат и лица кои имаат проблеми со интолеранција на глутен. Согласно препораките на FAO/WHO киноа протеините обезбедуваат 180% од дневно препорачаниот внес на есенцијални аминокиселини за возрасни во соодветен сооднос на сите есенцијални масни киселини (хистидин, леуцин, изолеуцин, лизин, метионин, фенил аланин, треонин, триптофан и валин). Според податоците на FAO (2011) есенцијалниот аминокиселински профил на киноата е еднаков на тој од казеинот и полномасно млеко во прав. Значајно е да се напомене и дека кај термички соодветно подготвена киноа апсорпцијата или искористливоста на протеините достигнува до високи 95.3% .

Јаглехидратите се застапени со 58.1- 64.2%, но значајно е да се напомене дека се со низок гликемичен индекс. Растителните влакна по својот состав се слични на тие од овошјето, зеленчукот и мешунките. Делот од растителните влакна на киноата кои се растворливи (инулин, фруктоолигосахариди, галактосахариди) имаат улога на пребиотици со што помагаат во одржување на нормална и здрава цревна флора.

Содржината на маслото во киноата изнесува 2-10% од кои 89.4% отпаѓа на незаситени масни киселини. Во киноата се присутни есенцијални масни киселини: линолна и линоленска кои имаат значајна улога во развојот на мозокот, инсулинската осетливост, одржување на здрав кардиоваскуларен и имунолошки систем, како и во правилно функционирање на клетките, бидејќи влегуваат во состав на клеточната мембрана.

Киноата е богат извор и на витамини: β-каротен, потоа витамин Б1, Б2, Б3, Б5 (пантотенска киселина), Б6, Б9 (фолна киселина), витамин Ц, витамин Е. Покрај тоа киноата содржи и други видови на каротеноиди како што се лутеинот и зеаксантинот. Концентрацијата на повеќето од овие витамини е многу поголема во споредба со останатите типични житарки. 

Минералите како што се калциум, бакар, магнезиум, фосфор, калиум и цинк се исто така застапени во повисок процент споредбено со другите житарки. Така киноата има 3.4% минерали, а оризот 0.5%, пченицата и останатите житарки 1.8%.

Покрај тоа во составот на киноата се среќаваат и фитостероли како што се: β-ситостерол, кампестерол и стигмастерол во повисоки концентрации од другите житарки. Фитостеролите имаат значајна улога во одржување на нормално ниво на холестерол, а се карактеризираат и со противвоспалителни, антиоксидантни и антиканцерогени својства.

Фенолите во киноата, застапени како фенолни киселини, флавоноиди, изофлавоноиди се карактеризираат со голема антиоксидантна способност.

Киноата може да се сретне во различни бои-жолта која кај корисниците е позната уште и како бела, црвена, црна. Ваквата разнобојност се должи на присуството на беталаин пигментите кои освен што ја даваат бојата на киноата, се одликуваат и со антиоксидантно и противвоспалителни својства.

Ваквата богата нутритивна вредност, здравствените бенефити и отсуството на глутен ја прават киноата вистински избор за различни популациски групи, вклучително деца, стари лица, спортисти, лица со интолеранција кон глутен (целијакија) и лактоза, лица кои имаат проблем со остеопороза, лица кои имаат проблеми со анемиа, диабетес, дислипидемиа, гојазност.

Поради сето погоре наведено киноата претставува потенцијално решение за проблемот со неухранетост или малнутриција и одредени здравствени проблеми ширум светот.

Во изминатите 2 децении од киноата се направени различни видови на производи со високи нутритивни вредности.

Нашата компанија направи напори дел од тие производи со висок квалитет и поволни цени да се најдат и на македонскиот пазар. 

Image

 

Organic QUINUA REAL

Органска киноа во зрно - без глутен, 500g

 

Органски сертифициран производ, без глутен и погоден за вегани. Белата кралска киноа во својот состав содржи високи 14% на протеини и 4 % на растителни влакна. Може да се подготвува на различни начини и во различни рецепти. Основниот начин на подготвување е следниот: потребната количина киноа се плакне, се става да врие со вода во однос 1:2 дела киноа и вода, додека не ја впие целата вода.

Одлична е како додаток во детските кашички.

Image

 

Black QUINUA REAL

Органска црна киноа во зрно - без глутен, 500g


Органски црна кралска киноа, без глутен и погодна за вегани. Содржи 12,3 % протеини и  3,6 % растителни влакна. Се подготвува на ист начин како и белата киноа, односно потребната количина киноа се плакне, се става да врие со вода во однос 1:2 дела киноа и вода, додека не ја впие целата вода. Црната киноа е богата со пигменти кои поседуваат антиоксидантно својство. Може да ја употребите како вариво, за салати или пудинзи.

Image

Red QUINUA REAL

Органска црвена киноа во зрно - без глутен, 500g

 

Органската црвена кралска киноа, без глутен и погодна за вегани во својот состав содржи 13,7 % протеини и 4% растителни влакна. Се подготвува така што потребната количина киноа се плакне, се става да врие со вода во однос 1:2 дела киноа и вода, додека не ја впие целата вода. Може да се употребува во најразлични рецепти зависно од вашата желба и имагинација. Црвената киноа како и црната во својот состав содржи пигменти од кои потекнува специфичната боја и антиоксидантно својство.

Image

 

Three coloured QUINUA REAL

Органска киноа во зрно – 3 бои-без глутен, 500g

Органски сертифициран производ, без глутен и погоден за вегани кој во својот состав содржи вистински спектар на бои со висока хранлива вредност. Претставува мешавина од 3 вида на кралска киноа: бела која е застапена со 60%, црвена 25% и црна 15%. Во неа протеините се застапени со 13,5%, а растителните влакна со 3,9%. Вистински предизвик за подготвување на колоритни рецепти, убави, вкусни и здрави. Основниот начин на подготвување е така што потребната количина киноа се плакне, се става да врие со вода во однос 1:2 дела киноа и вода, додека не ја впие целата вода.

Image

 

Rice and QUINUA REAL fusilli

Fusilli - органски тестенини од киноа и ориз - без глутен, 250g

 

Органски сертифициран производ, без глутен и погоден за вегани кој се состои од 25% брашно од кралска киноа и 75% оризово брашно. За љубителите на тестенини вкусни фусили, протеините се застапени со 8.5% и се извор на фосфор -155mg (22%**) и железо -6,8mg (48%) **% од ПДВ – просечно дневно внесување

Начин на подготовка: Сварете ја пастата по Ваш вкус. Може да се комбинираат со секаков вид на сос. Потребно време за варење 10-13минути.

Image

Rice and QUINUA REAL spaghetti

Органски шпагети од киноа и ориз-без глутен, 250g

 

Уште еден органски сертифициран производ од палетата на безглутенски тестенини кој е погоден и за за вегани, а се состои од 25% брашно од кралска киноа и 75% оризово брашно, со застапеност на протеини од 8.5% и е извор на фосфор -155mg (22%**) и железо -6,8mg (48%)  **% од ПДВ – просечно дневно внесување

Начин на подготовка: Сварете ги шпагетите по Ваш вкус. Може да се комбинираат со секаков вид на сос. Потребно време за варење 10-13минути.

Image

 

Rice and QUINUA REAL penne

Органски макарони од киноа и ориз-без глутен, 250g

 

За љубителите на тестенини во форма на макарони-органски сертифициран производ, без глутен и погоден за вегани. Подготвени се од 25% брашно од кралска киноа и 75% оризово брашно, со застапеност на протеини од 8.5% и е извор на фосфор -155mg (22%**) и железо -6,8mg (48%)  **% од ПДВ – просечно дневно внесување

Начин на подготовка: Сварете ги макароните по Ваш вкус. Може да се комбинираат со секаков вид на сос. Потребно време за варење 10-13минути.

Image

 

QUINUA REAL flour

Органско брашно од киноа-без глутен, 350g

 

Брашното од киноа се добива од зрната на кралската киноа, производ кој е без глутен и погоден за вегани. Содржи 13% протеини и 4% растителни влакна. Можност за умешните кулинари да и се препуштат на имагинацијата во приготвување на најразновидни теста кои ќе ја збогатат Вашата трпеза.

Image


QUINUA REAL Soft nougat classic

Органски нугат со киноа, лимон и цимет-без глутен, 200g


За сите љубители на слатките задоволства кои имаат проблеми со глутенот-Органски нугат од 48% експандирана кралска киноа, засладен со оризов сируп и со вкус на лимон и цимет. Во својот состав содржи и бадеми кои се застапени со 48%. Освен што е вкусен овој производ е и извор на протеини кои се застапени со 13%, како и растителни влакна 5,6%.

Image

 

QUINUA REAL Soft nougat cocoa

Органски нугат со кокос, киноа, какао и портокал-без глутен, 200g

 

Уште едно слатко задоволство без глутен- Органски нугат со кокос, киноа, какао и портокал, засладен со оризов сируп. Во својот состав содржи експандирана киноа, печени бадеми, печени лешници, какао, кокос, кора од портокал и цимет. Протеините се застапени со 11%, а растителните влакна со 8.2%.