Комбуха

Image Комбуха

Органска Комбуха

Комбухата е органски ферментиран природен производ, произведен по традиционален азиски рецепт. Една од најголемите здравствени придобивки од комбухата е способноста да го детоксифицира телото. Богата е со бројни ензими и бактериски киселини, што му помага на телото да се детоксифицира, намалувајќи го товарот врз панкреасот и црниот дроб.

Комбухата содржи глукозамин, кој претставува силна превенција и третман на сите форми на артритис. Глукозаминот го зголемува создавањето на синовијална хијалуронска киселина. Хијалуронската киселина физиолошки помага во превенција на 'рскавичната структура и спречува артритични болки. Исто така, хијалуронската киселина овозможува на сврзното ткиво да се поврзе во илјадници пати од неговата тежина и му ја одржува структурата, влагата, подмачкувањето и флексибилноста, а ги намалува и слободните радикали. Дополнително, како природно ферментиран производ од колонија од бактерии и квасец, комбухата е пробиотски напиток. Оттука произлегуваат голем број на предности, како што се подобрување на варењето на храната, борбата против кандида, ментална јасност и стабилност, како и подобро расположение. Како таква, таа се употребува и за намалување или елиминирање на симптомите на фибромијалгија, депресија, анксиозност, итн. Комбухата е извонреден антиоксидант, која го подига нивото на имунолошкиот систем и целокупната енергија. Во овој производ, може да се појават парчиња кои не го нарушуваат ензимскиот квалитет на производот.

- состојки: природна минерална вода, шеќерна трска*, зелен чај*, билки* (листови од мате*, цветови од лимон*, цветови од пченка*, лимонска вербена*, центауреа*, маточина*, нане*, коприва*, бозел*, лист од малина*, корен од сладунец*, цвет од невен*), црн чај*, комбуха култура, природна јаглеродна киселина