Органско козјо млеко

Image Органско козјо млеко

Палетата на органски производи ја прошируваме со органско козјо млеко од Andechser Natur (Германија).

ANDECHSER NATUR

Органско стерилизирано хомогенизирано козјо млеко

со најмалку 3,0% млечна маст 1L

Органското козјо млеко од Andechser Natur е произведено од 100% органско козјо млеко и од преку 12.000 козји кои секојдневно пасат на падините на Алпите. Органското козјо млеко се произведува повеќе од 20 години во погоните на Andechser Natur, а денес  Andechser Natur произведува повеќе од 8 милион литри органско козјо млеко на годишно ниво.

Органското козјо млеко на Andechser Natur има благ и пријатен вкус, природна масленост и УХТ стерилизација (третман со екстремно висока температура). Една чаша (200мл) органско козјо млеко содржи 118 калории, 6,4гр масти (од кои 4,2гр заситени масти), 8,8гр јаглехидрати (од кои 8,8гр шеќери), 6,2гр протеини 0,2гр сол (природно присутен натриум) и 260мг калциум (32% ПДВ).

Конзумирањето на козјо млеко ги има следниве бенефити:

Помалку алергенски протеини

Протеините се од суштинско значење за раст, развој и обновување на телото. Сепак, истражувањата покажуваат дека нетолерантноста на кравјо млеко често се должи на протеините; особено на алфа-Ѕ1-казеин. Козјото млеко има помала количина од овој протеин од кравјото млеко што е една од причините зошто подобро се толерира од страна на некои луѓе.

Уште поважно, козјото млеко не е препорачливо за лицата на кои им е дијагностицирана алергија на кравјо млеко. Некои од протеините во козјото млеко се доволно слични на оние кои се наоѓаат во кравјото млеко и може да предизвикаат вкрстена реактивност. Во ваков случај консултирајте се со консултант или специјалист за алергии.

Лесно сварливи масти и протеини

Додека содржината на масти од козјото млеко е слична на онаа од кравјото (3.6% за полномасно, 1.6% за полу-обезмастено и речиси нула за обемастено), масните глобули се природно помали во големина и на тој начин полесно се варат. Протеинскиот состав на козјото млеко овозможува формирање на помек кајмак за време на варењето, што може да придонесе за подобра дигестија.

Пониско ниво на лактоза

Козјото млеко не се препорачува за лица со нетолеранција на лактоза. Сепак, козјото млеко обично содржи помалку лактоза од кравјото млеко, а количината на лактоза што може да се толерира од некои лица варира. Ова, заедно со полесната сварливост на козјото млеко, го обајснува фактот зошто некои лица со нетолеранција на лактоза може да уживаат во козјото млеко без никакви последици. Консултирајте се со вашиот доктор или професионално здравствено лице пред да направите било какви промени во вашата исхрана.

Многу калциум

3 чаши козјо млеко може да обезбедат повеќе од 100% од референтниот внес на калциум за возрасни лица. Калциумот е од суштинско значење за развој и одржување на коските и забите, за спречување на појава на остеопороза и, исто така, може да помогне во контролирање на телесната тежина преку разградување на телесните масти.

Природно пониско ниво на холестерол

Козјото млеко има природно пониско ниво на холестерол отколку кравјото млеко и обезмастената и полу-обезмастената варијанта е добра алтернатива за лицата кои внимаваат на нивото на холестерол и внесот на заситени масти.

Други есенцијални минерали

Една (200ml) чаша козјо млеко обезбедува повеќе од една четвртина (180mg) од Референтната хранлива вредност (NRV) на фосфор (што помага во изградба на силни коски и заби и ослободување на енергија од храната), и ги задоволува дневните потреби од јод (што помага во одржување на функцијата на тироидната жлезда и здрав метаболизам) и обезбедува 340mg (17% NRV) на калиум (кој исто така помага во одржување на крвниот притисок).

Добар извор на клучни витамини

Една (200ml) чаша козјо млеко обезбедува 13% од Референтната хранлива вредностна витамин Б5 (пантотенска киселина), кој е потребен за ослободување на енергија од храната, и 12% од еферентната хранлива вредност на биотин (Б-витамин) кој е важен за одржување на здрав нервен систем.

Пребиотици

Козјото млеко има повеќе олигосахариди од кравјото млеко, со количина слична на мајчиното млеко. Овие дејствуваат како пребиотици во желудникот и може да помогнат во одржувањето на здравјето на дигестивниот тракт преку поттикнување на растот на корисните цревни бактерии и спречување на растот на штетните бактерии.