ОРГАНСКО СУРОВО ЛАДНО ЦЕДЕНО КОКОСОВО МАСЛО

Image ОРГАНСКО СУРОВО ЛАДНО ЦЕДЕНО КОКОСОВО МАСЛО

 

ОРГАНСКО СУРОВО ЛАДНО ЦЕДЕНО КОКОСОВО МАСЛО

 

Произведено со ладно цедење на свежо собрани плодови

 

Состав: 100% сурово ладно цедено кокосово масло*

*од органско производство

 

 

   

► Со вкус и арома на свеж кокос, ова масло го подобрува вкусот на Вашите омилени јадења.

 

► Одлично како додаток на преливи за салати, сосови, разни десерти или смути.

 

► Може да се користи и сурово 1 супена лажица 1-2 пати на ден, како намаз или пак да се нанесе во мали количини на кожата и косата за подобра хидратација.

 

► Кокосовото масло кога се загрева не оксидира лесно и безбедно е за употреба при подготовка на јадења во вок тави, ориентални јадења и други видови на јадења кои се подготвуваат на висока температура.

 

► Висока содржина на заситени масти изградени од масни киселини со среден ланец

 

► Маслото е во цврста агрегатна состојба на температура до 25 °C, а на повисока температура поминува во течна агрегатна состојба

 

Кокосот е една од најневеројатните овошја во светот, почнувајќи од дрвото, па се до плодот. Во тропските клими како што се Полинезија, Шри Ланка и Јукатан, луѓето кои се хранат со кокос се многу поздрави, имаат помалку срцеви заболувања, карциноми и проблеми со дебелото црево. Од него се добиваат голем број на производи за човечка употреба. Еден од најпопуларните е кокосовото масло кое може да се добие со рафинирање или со ладно цедење. Кокосовото масло на Zegin Healthy Food е органско, сурово и добиено со ладно цедење од месестиот дел на свежо собрани плодови. Содржината на масти е 99.92 g на 100 g производ, од кои 94.62 g отпаѓаат на заситени масти изградени од масни киселини со среден ланец. Високата содржина на масти и органскиот сертификат ја потврдуваат чистотата и квалитетот на производот. 

 

Што содржи ладно цеденото кокосово масло?

Кокосовото масло содржи голема количина на заситени масти кои за разлика од другите заситени масти се изградени од масни киселини со среден ланец кои лесно се абсорбираат во цревата и директно се транспортираат до црниот дроб без да се наталожуваат како масни наслаги во крвотокот. Така абсорбирани веднаш се користат како енергетско гориво за метаболичките процеси на организмот, без покачување на телесната тежина. Голем процент (околу 50%) од составот на овие заситени масти отпаѓа на лауринската киселина која е застапена во мајчиното млеко. Мајчиното млеко содржи околу 45-50% заситени масти во чиј состав влегуваат лауринска и капринска киселина (околу 20%). Овие масни киселини поседуваат антивирално, антибактериско и антипаразитско својство, кои го подржуваат имунолошкиот систем. Според една студија публикувана во American Journal of Clinical Nutrition во млекото кај мајките доилки кои консумираат кокосово масло има повисоко ниво на лауринска и капринска киселина, со што се зголемува неговата нутритивна вредност. Кокосовото масло лесно се апсорбира во дигестивниот систем на детето и обезбедува енергија за негов правилен раст и развој. Освен лауринската киселина кокосовото масло содржи и капринска, каприлна, палмитинска, стеаринска и миристинска масна киселина, полинезаситени и незаситени масти, а во помали количини содржи и витамини и феноли.

 

Зошто Органското сурово ладно цедено кокосовото масло е толку добро?

Здравствените бенефити од употребата на кокосовото масло се многубројни, што е потврдено со низа научни истражувања.

 

Ја подобрува дигестијата и абсорбцијата на хранливите материи.

Триглицеридите со среден ланец во кокосовото масло лесно се разградуваат до поединечни масни киселини додека се движат кон желудникот, па не е потребна дополнителна дигестивна активност и оптеретување на организмот. Овие масни киселини не само што лесно се варат, туку и помагаат во апсорпцијата на витамин А и Д, магнезиум, калциум и др. Поради тоа луѓето кои имаат недостаток на витамини и минерали може да го вклучат ова масло во својата исхрана.

 

Ја зголемува енергијата и го забрзува метаболизмот.

Заситените масти изградени од масни киселини со среден ланец брзо се абсорбираат и претвораат во енергија, забрзувајќи го метаболизмот, поради што кокосовото масло е добро при состојба на замор и недостаток на енергија. Одично е за употреба кај спортисти.

 

Ја намалува телесната тежина.

Не се депонира во организмот како останатите масти и не создава масни наслаги, бидејќи веднаш се искористува. Ја намалува желбата за консумирање на храна. Поради својството да го забрзува метаболизмот, доаѓа до губење на вишокот на килограми на природен начин.

 

Поседува антиоксидантни својства.

Како одличен антиоксидант кокосовото масло е стабилно и не е подложно  на оксидација како останатите масла. Неговата стабилност е докажана во една научна студија кога било изложено 8 часа на висока температура, без да се променат неговите основни карактеристики.

 

Го штити црниот дроб.

Главната функција на црниот дроб е да ги отстранува токсините од организмот. Кокосовото масло како природно детоксокациско средство кое го штити црниот дроб од слободните радикали, поволно делува на неговата работа.

 

Кокосовото масло и тиреоидната жлезда.

Присуството на масни киселини со среден ланец во кокосовото ладно цедено масло кои го стимулираат метаболизмот и допринесуваат за подобра функција на тиреоидната жлезда.

 

 

Кокосовото масло кај дијабетичари.

 Кокосовото масло не предизвикува инсулински скокови во крвотокот. Наместо тоа, помага при регулацијата на шеќерот со подобрување на секрецијата на инсулинот.

 

За здрав кардиоваскуларен систем.

Допринесува во регулирање на односот помеѓу лошиот и добриот холестерол,а делува и противвоспалително кај артериски воспаленија

 

Кокосовото масло и алцхајмерова болест.

Во една научна студија на испитаници со алцхајмерова болест на кои им било давано по 40 mg на ден кокосово ладно цедено масло, било забележано подобрување на нивните когнитивни функции.

 

Помага во одржување на pH вредноста.

Поголем дел од храната која што ја консумираме е кисела, поради што се нарушува pH балансот на организмот. Стресот исто така делува на нарушување на нормалната pH вредност на организмот . Кокосовото масло помага да се абсорбираат алкалните минерали со што допринесува во регулирање на pH вредноста.

 

Инфекции, повреди и каснувања од инсекти.

Кокосовото масло поседува антибактериски и антифунгални својства, поради што е ефективно при надворешни повреди и инфекции на кожата.

 

За здрави коски и заби.

Кокосовото масло помага во абсорбција на калциум и магнезиум кои влегуваат во состав на коските и забите. Гаргара со кокосово масло ја намалува појавата на наслаги и гингивитис.

 

За здрава и убава кожа.

Природно кокосовото масло не содржи токсини и кожата брзо го впива, што придонесува за многубројни позитивни ефекти, како што се мека и мазна кожа, забавување на процесот на стареење на кожата, зарастување на рани, обновување на заштитниот слој на кожата....

 

За овие и многу други својства и бенефити на органското сурово ладно цедено кокосово масло врз кожата, читајте не во наредниот број.....