Alpha Peptide Collagen

Image Alpha Peptide Collagen

Што е

ALPHA PEPTIDE COLLAGEN?

 

ALPHA PEPTIDE COLLAGEN содржи биоактивни колаген пептиди (ACTIVGEL), уникатна колекција на пептиди и аминокиселини, што се неопходни за здравјето на зглобовите. ALPHA PEPTIDE COLLAGEN е природен производ со состав од аминокиселини што е речиси идентичен со колагенот што се наоѓа во екстрацелуларниот матрикс на зглобовите во телото. Докажано е дека овие пептиди ги стимулираат клетките на ‘рскавицата, што се одговорни за одржување на нејзиното здравје. Истражувањата покажаа дека тие ја зголемуваат концентрацијата на колагенот и протеогликаните преку ефектот што го имаат на овие клетки.

ALPHA PEPTIDE COLLAGEN е развиен за да им помогне на луѓето со хронични симптоми на зглобовите (СЈЅ)/остеоартритис, со тоа што ја подобрува флексибилноста и болката во зглобовите поврзана со истрошувањето на ‘рскавицата. Нашата револуционерна формула на Биоактивни Колаген Пептиди  научно е докажана дека го подобрува здравјето на ‘рскавицата, ја задебелува и ги олеснува симптомите од остеоартритис за само 2 до 3 месеци без значајни интеракции со лекови или несакани ефекти.

 

Како функционира?

Кога се зема ALPHA PEPTIDE COLLAGEN, активната супстанца лесно се апсорбира преку цревата благодарение на нејзиниот мал обем. Потоа минува низ крвотокот во форма на аминокиселини. Од таму, се акумулира во зглобовите.

Зглобовите дејствуваат како амортизери и не може да функционираат правилно доколку ‘рскавицата постепено се аби. Ова води до мелење што предизвикува болка кога се достигнува одреден степен на абење. Колагенот хидролизат што телото ги апсорбира од ALPHA PEPTIDE COLLAGEN поттикнува задебелување на ‘рскавицата, што доведува до помалку болки во зглобовите кај поголемиот дел од пациентите, според бројни истражувања. Доколку ‘рскавицата е подебела, зглобовите се поздрави.

Треба да се продолжи со употреба на ALPHA PEPTIDE COLLAGEN и откако ќе престанат болките во зглобовите. Симптомите и болките најверојатно би се вратиле порано или подоцна ако се престане со употреба.

ACTIVGEL е единствената активна состојка што го стимулира метаболизмот на ‘рскавицата и ја подобрува синтезата на клетките на ‘рскавицата. На овој начин активната супстанца е извонреден моќен терапевтски агенс, што ја намалува прогресивната загуба на рскавичното ткиво.  

Активната супстанца лесно се апсорбира, а истражувањата докажале дека во текот на еден месец кај околу 50% од луѓето се забележува позитивна разлика, додека во текот на три месеци 75% од луѓето забележуваат општо подобрување на здравјето на ‘рскавицата. Ова единствено дејство  во третманот на дегенеративните заболувања на зглобовите е потврдено во бројни меѓународни пре-клинички и клинички студии спроведени од страна на независни и реномирани истражувачки институти. 

Упатство за употреба

Протресете ја ампулата пред употреба. Не се разредува. Може да се јават мали промени на бојата на течноста, сепак ова нема никакво влијание врз ефикасноста на производот. Предозирањето нема докажан несакан ефект и не ги зголемува придобивките од производот. Не се препорачува предозирање.