La Finestra

Image La Finestra

Ви ги претставуваме четирите нови производи од линијата на

La Finestra Sul Cielo од Италија.

Два од производите – органскиот оцет од ориз и сувото тофу се дел од макробиотската исхрана, додека другите производи (органскиот крем од чоколадо и лешници, и органските снегулки од спелта) се од стандардната органска линија.

Image

ОРГАНСКИ ОЦЕТ ОД ОРИЗ

► Органски сертифициран производ

► Макробиотски квалитет

► Погодно за вегани

► Направен од кафен ориз

Направен е по традиционални јапонски методи, на одлична клима и природни извори на островот Кјушу. Се произведува од ориз и оризово вино (саке), а се повеќе се користи за подобрување на вкусот на храната во Азија и на други континенти. Најмногу се употребува во салати и некои јадења со месо. Додава префинет вкус на јадењата, но има и бројни бенефити за здравјето:

  1. Го подобрува здравјето на дигестивниот тракт – оцетната киселина кој аја содржи му помага на телото засилено да ги апсорбира хранливите состојки како калциум, потасиум и витамините од храната која се внесува
  2. Тоник за црниот дроб – во студија на “Journal of Clinical Biochemistry and Nutrition” од 2011 се тврди дека оцетот од ориз има својства да ја спречи појавата на тумори на црниот дроб
  3. Помага во борбата против хроничниот умор – со значителната содржина на аминокиселини, оцетот од ориз ефективно се бори против развојот на млечна киселина во организмот. Млечната киселина придонесува за вкочанетост, раздразливост и замор. Затоа оризовиот оцет ги држи потрошувачите свежи и енергични во текот на денот.
  4. Го подобрува имунитетот – присуството на есенцијални аминокиселини помага во достигнувањето на оптимално здравје на организмот. Овие аминокиселини го зајакнуваат имунитетот преку борбата со негативните ефекти на слободните радикали.
  5. Го подобрува здравјето на срцето – затоа што го спречува формирањето на масни пероксиди во вашето тело. Ова, за возврат го помага забавувањето на холестеролот. На долг рок, срцето ќе има корист од само неколку лажички од овој оцет во секојдневната храна.
  6. Помага во одржување на телесната тежина – особено овој оцет направен од кафен ориз.

Тонер за блескава кожа - Може да се направи мешавина на оризов оцет, прочистена вода и масло од чајно дрво. Содржината се меша во шише, во сооднос вода-оцет 6:1. Натопено парче памук се става на иритираната кожа. По сушењето се чисти со вода. Мешавината може да се користи и како тоник за лице, како природна и нетоксична замена.

Начин на употреба: Како алтернатива на обичниот оцет, или директно на сурови или зготвени зеленчуци, за зајакнување на вкусот. Можете да го помешате со соја сос и масло, или крем од сусам за да направите богат прелив за салати.

Image

СУВО ТОФУ 

► Макробиотски квалитет

► 100% растителен, јапонски прехрамбен продукт на база на соја.

► Произведено по традиционален јапонски рецепт директно од соино млеко.

► Неизбежно за вегетаријанци и вегани.

Тофуто е одличен извор на протеини и ги содржи сите осум есенцијални аминокиселини. Исто така е богато со железо и калциум, како и минералите манган, селен и фосфор. Добар извор е и на магнезиум, бакар, цинк и витамин Б.

Соиниот протеин (од кој се прави тофу) се верува дека го намалува процентот на „лошиот“ холестерол (ЛДЛ). Дополнително, бидејќи содржи фитоестрогени кои се нарекуваат изофлавони – погодно е за жени кои влегуваат во менопауза. Овие фитоестрогени од тофуто ги намалуваат негативните симптоми затоа што ги намалуваат изблиците на црвенило кај жените.

Начин на употреба: Потопете 1-2 коцки од сувото тофу во топла вода 5-10 минути и исцедете го пред готвење. Погодно е за готвење со зеленчук, во супи или пржено. 

 

Image

ОРГАНСКИ КРЕМ ОД ЧОКОЛАДО И ЛЕШНИК

► Органски сертифициран производ

► Без млеко

Состојки: дехидриран сируп од ориз*, сончогледово масло*, лешници* (12%), нехидрогенизирано палмино масло*, какао во прав со ниска масленост (4,6%), емулгатор: сончогледов лецитин, природна арома на ванила*. *од органско производство.

Кремот ги има сите квалитети кои децата и возрасните ги сакаат, но сепак е здрав затоа што е од органско производство и без додаток на вештачки шеќери. Идеална замена во подготовката на здрав појадок и ужинка.

Image

ОРГАНСКИ СНЕГУЛКИ ОД СПЕЛТА

Линијата на здрави снегулки ја зголемуваме со бараните снегулки од спелта (од органско производство). Снегулките се со висока содржина на растителни влакна, кои придонесуваат за високоенергетска исхрана и многу ниски содржини на липиди. Влакната го намалуваат вкупниот холестерол и ЛДЛ.

Лесно се вари во организмот.

Иако веќе ја познавате спелтата како производ кој станува мега-популарен меѓу следбениците на здравиот начин на исхрана, еве кратко потсетување за некои од нејзините најголеми бенефити. Има широк спектар на нутритиенти, вклучувајќи сложени јаглехидрати, шеќери, разградливи и неразградливи растителни влакна, натриум, витамини, минерали, масни киселини и аминокиселини. Спелтата има висока содржина на Б2, ниацин, манган, тиамин, бакар и магнезиум. Овие нутритиенти, поради својствата на спелтата, лесно се апсорбираат во организмот.