МАЏУН СО ОРГАНСКА АРОНИЈА ЈАГЛИКА И ТИМИЈАН 250мл

Image МАЏУН СО ОРГАНСКА АРОНИЈА ЈАГЛИКА И ТИМИЈАН 250мл

ЕДИНСТВЕНА КОМБИНАЦИЈА НА ПРИРОДАТА И МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА

МАЏУН СО ОРГАНСКА АРОНИЈА ЈАГЛИКА И ТИМИЈАН 250мл

АВТОХТОН ПРОИЗВОД

РАРИТЕТЕН ЕЛИКСИР ОД 23 ЕКОЛОШКИ ВИДОВИ НА ГРОЗЈЕ И ОРГАНСКА АРОНИЈА

Состојки: маџун, 22% сок од аронија*, 1.8% течен екстракт од јаглика, 2.6% течен  екстракт од тимијан.

Содржи природни шеќери

Без конзерванси

Гроздовиот мед или маџун е 100% природен производ и засладувач со висока нутритивна вредност, кој се добива со традиционален македонски метод на згуснување на исцеден сок од 23 висококвалитетни географски селектирани винови лози (Вранец, Мерло, Ризлинг, Смедеревка, Бургундец, Шардоне, Гаме, Кадарка, Жупјанка, Жилавка, Кардинал, Мускат отонел, Каберне совињон, Совињон,

Р`кацители, Сира, Рибиер, Афусали, Хамбург, Темјаника, Траминец, Белан, Монтепулчиано). Грозјето во својот состав содржи природни шеќери (глукоза и овошен шеќер-фруктоза), витамини (Б1, Б2, Ц), минерали (калиум, железо, натриум), фенолни компоненти (антоцијани, танини, ресвератрол), азотни компоненти (амино киселини, пептиди и протеини) и органски киселини (винска, јаболкова, лимонска). Грозјето е едно од ретките овошја кое содржи винска киселина чие лековито дејство се спомнува и во Библијата.

Научните испитувања покажуваат дека маџунот е природен производ кој поседува антиоксидантно дејство и придонесува за:

♦ Зајакнување на имунолошкиот систем кај деца, возрасни, спортисти, рековалесценти

♦ Забрзување на метаболизмот и согорување на мастите

♦ Прочистување на црниот дроб и подобрување на неговата функцијата при појава на жолтица, цироза, алкохолизам и долготрајна употреба на лекови

♦ Регенерирање на црниот дроб

♦ При настинки и респираторни инфекции на дишните патишта    

♦ Кај прекумерна телесна тежина и исцрпеност

Сокот од аронија се добива со пресување и цедење на висококвалитетна и сертифицирана органска аронија. Аронијата е еден од најбогатите извори на фенолни соединенија, особено на антоцијани кои поседуваат висок антиоксидантен капацитет.

Според резултатите од научните истражувања придонесува за:

♦ Спречување на оксидативниот стрес

♦ Заштита на организмот од слободни радикали

Јагликата која влегува во составот на овој производ го олеснува искашлувањето на бронхијалниот секрет и поседува алкалоидно својство.

Тимијанот е познат по своите антиоксидантни и антибактериски својства и поволното дејство при настинки на горните дишни патишта.

Резултатите од истражувањата направени од страна на Cultech Ltd., Christchurch Road, Port Talbot, Wales UK покажаа дека овој автохтон производ поседува бактерицидни својства.

Ваквиот состав го прави овој производ единствен на пазарот, истовремено гарантирајќи за високиот квалитет на составните компоненти на овој раритетен еликсир!

Пред употреба да се прочита декларацијата.

Употреба: 1 лажичка може да се додаде во сок, млеко или чај.

Напомена: Производот е наменет за деца над 4 годишна возраст и возрасни.

Да не се употребува во случај на пречувствителност на било која состојка на производот.

Пред употреба да се протресе.

Произвoдител: ММ ИНВЕСТМЕНТ ДОО

 

Винарска визба Лозар Велес, Република Македонија