MorgenLand

Image MorgenLand

Земајќи го во предвид големото значење на јаткастите плодови и сувото овошје во секојдневната и здрава исхрана на луѓето MorgenLand произведе органски мешавини од јаткасти плодови, мешавини од суви овошја, како и мешавини од јаткасти плодови и суви овошја.

Како извор на брзоослободувачка енергија одлични се за употреба како меѓуоброк, за време на ментална и физичка активност и како додатоци во разни видови на јадења по вкус.

 

 

Image

 

 

Органска мешавина од јаткасти плодови, 150g  

MorgenLand органската мешавината од јаткасти плодови е идеална закуска, погодна за во училиште и за на работа.

Во својот состав содржи цели индиски ореви, непечени и печени лешници, половинки од ореви, бадеми и бразилски ореви. Го подобрува вкусот на слатките и солени јадења со прекрасната јаткаста арома, а исецкани и додадени во мусли  го подобруваат нивниот вкус. Може да го користат и вегани.

Image


 

Органска мешавина од суво овошје, 200 g

Органската мешавина на суво овошје од MorgenLand се состои од суви прстени од јаболка, суви кајсии без семки, суви круши и суви сливи без семки. Може да се употребува самстојно како закуска, за печење и готвење или како додатоци на Вашето мусли. Погоден за употреба и кај вегани.

 

 

Image

 

 

Органска мешавина од суво овошје и јаткасти плодови, 250g

Органски сертифициран производ, погоден и за вегани. Здрава ужинка со висококвалитетниот нутритивен состав и за секоја пригода. Одлична закуска за употреба како меѓуоброк за време на ментална активност поради што MorgenLand и ја именувале како мешавината за студенти.

Претставува мешавина од органски јаткасти плодови и органско суво овошје: јаткасти плодови (индиски ореви, бадеми, лешници, ореви), суво грозје и суво грозје султана.