MorgenLand

Image MorgenLand

Сувото овошје на MorgenLand е органско и подготвено без конзерванси, по традиционален метод со кој се задржуваат нутритивните вредности, а во истовреме се зголемува рокот на траење на истите.

Со дехидратацијата, концентрацијата на хранливите состојки кај сувите овошја се зголемува во однос на таа кај свежите овошја, па од тие причини и се препорачуваат да се употребуваат во помали количини (вообичаено 1/4 во однос на свежото овошје).

Погодни се за употреба при подготвување на на разни видови на десерти, колачи, зачинети и слатки јадења, како додаток во Вашето омилено мусли или пак самостојно како меѓуоброк.

 

Image

 

Органска сува кајсија, без семка, 200g  

Органски вегански сурови кајсии. Зрелите кајсии на MorgenLand се добиени преку био проектот во Турција. Се сушат како цел плод откако ќе им се извадат семките.  Може да се употребуваат како одлична деликатесна закуска или како додаток во мусли или пецива, во овошно смути и десерти.

Image

 

Органски суви урми, без семка – Deglet Nour, 200 g

Органски вегански производ. “Deglet Nour” или во превод прст на светлинатасе убаво исушени урми без семки со овошна слатка арома.  Може да се користат како закуска, во салати или мусли, во комбинација со сирење или во пикантни јадења, зависно од Вашата желба и кулинарска фантазија.

Image

 

Органско суво манго на парчиња, 100g

Органски сертифициран производ и погоден за вегани. Свежите и зрели плодови од манго кои се дел од био проектот на MorgenLan, откако ќе се соберат природно се сушат. Содржат протеини, масти, шеќери растителни влакна, витамин А, витамин Ц, бета каротен, калциум, железо, аминокиселини, плофеноли, флавоноиди и органски киселини. Со својата лесна киселкасто-овошна арома тие претставуваат вистински деликатес. Овошна закуска за секој ден и идеален додаток за мусли, салати и овошно смути.