Манука Мед

Image Манука Мед

Што е IAA 15+?

IAA 15+ е францускиот стандард за мерење на антибактериските својства на манука медот, еквивалент на Европскиот UMF стандард (Unique Manuka Factor).

Тоа значи дека е направено тестирање во независна лабораторија за единствени компоненти како што се DHA и methylglyoxal - MGO.

IAA рејтингот дава исто така гаранција дека медот е во согласност со ЕУ стандардите за мед и дека медот потекнува од диви дрва на манука. 

Својства на манука медот 

- Има анти-бактериски својства

- Има анти-воспалителни својства

- Помага при грип и настинка

- Го поттикнува здравјето на дигестивниот тракт

- Ги смирува болките во грлото

- Го намалува воспалението во желудникот и цревата

- Го  намалува нивото на холестерол во крвта

- Помага при мали рани и изгореници

- Помага при очни, ушни и синусни инфекции

- Помага при дијабетес

- Помага при гингивит

 

Нутритивни факти за манука медот

Она што го прави манука медот различен од останатите е неговиот неверојатен нутритивен профил. Регуларниот суров мед е веќе познат по своите извонредни нутритивни својства и способностите за зајакнување на имунитетот. Општо земено, типичниот нефилтриран суров мед е богат извор на:

- Амино киселини

- Б витамини (Б6, тиамин, ниацин, рибофлавин, пантотенска киселина)

- Калциум

- Бакар

- Железо

- Магнезиум

- Манган

- Фосфор

- Калиум

- Натриум

- Цинк

Сепак, манука медот има хранлива содржина дури 4 пати поголема од онаа на нормалните цветни медови. Затоа и се нарекува Unique Manuka Factor (UMF) – Единствен Манука фактор.

 

Како се користи манука медот? 

Главата медицинска употреба на манука медот е на врвот на рана. Генерално се користи за третирање на мали рани и изгореници. Манука медот се користи и за многу други состојби. Овие вклучуваат:

     - Спречување и третирање на рак

- Намалување на нивото на холестерол во крвта

- Намалување на воспалението

- Третирање на дијабетес

- Третирање на очни, ушни и синусни инфекции


 Начин на употреба


Употреба

Дозирање

Совет


Дневна апсорпција во спречување на болки во грлото, кариес, чиреви во устата, непријатности во желудникот

За бебиња и деца:

1 до 2 лажички манука мед во текот на денот.

 

За возрасни:

2 до 3 лажички манука мед во текот на денот.


Стопете го медот во устата пред да го голтнете. Почекајте 15 минути пред да појадувате.

7-дневен третман

За бебиња и деца:

2 до 4 лажички манука мед наутро на празен стомак и пред легнување.

 

За возрасни:

4 до 8лажички манука мед наутро на празен стомак и пред легнување.

Третманот се повторува 3 до 4 пати во текот на зимата.

*Информациите се дадени како груб совет и не можат да ги заменат медицинските совети.

 

Што вели науката за манука медот?

Неколку студии укажуваат на тоа дека манука медот е ефикасен кога се користи врз рани и чиреви на нозете. Истражувањата исто така покажуваат дека овој вид мед е ефикасен и во борбата против инфекции.

Друга студија сугерира дека манука медот може да биде ефикасен во спречување на гингивит и други пародонтални болести со намалување на создавањето на забен камен.

Во 2010 година, Научниот управен комитет на Националниот институт за рак во САД го одобри предлогот за користење на манука медот за намалување на воспалението на хранопроводот поврзано со хемотерапија.