Nausolvit капки

Image Nausolvit капки

► Капки за деца со заштитена формула на база на ѓумбир, што на природен начин помага при гадење и при повраќање.

► Капки на база на ѓумбир, корисни при гадење и повраќање во текот на првиот период од бременоста.

Ѓумбир (Zingiber officinalis)

Ѓумбирот (Zingiber officinalis) припаѓа на фамилијата Zingiberaceae. Неговиот месест и ароматичен ризом е богат со фенолни соединенија, како што се: гингероли и шогаоли, одговорни за фитотерапиското дејство и силниот луткаст вкус на растението. Ѓумбирот е особено ефективен против гадење и кинетоза, освен тоа има антивоспалителни, прокинетички, гастропротективни својства, и е корисен во случај на диспепсија. 

Антиеметичното својство 
Антиеметичното својство на растението е потврдено од страна на бројни клинички студии. Некои експериментални докази го демонстрираат капацитетот на некои компоненети од ѓумбирот да ги блокираат гастричните серотонински рецептори кои се вклучени во рефлексот на повраќање, што доведува до намалување на знаците на гадење што пристигнуваатдо мозокот.
 
Антивоспалителното својство
Антивоспалителното својство е потврдено од страна на голем број на студии; ова растение има способност да ја инхибира циклооксигеназата и липоксигеназата, со пониско производство на простагландини и леукотриени, што доведува до намалување на воспалението и болката. 
Освен ова, блокирањето на  гастричните серотонински рецепторидоведува до зголемено ослободување на ацетилхолин, невротрансмитер што има можност да го подобри гастроинтестиналниот мотилитет. Ова го објаснува и прокинетичкото својство на ѓумбирот. Како дополнение, ѓумбирот ја стимулира и плунковната, билијарната и гастричната секреција.
 
Заштитното својство на ѓумбирот врз гастричната мукоза
Заштитното својство на ѓумбирот врз гастричната мукоза исто така е добро познато. Ова растение, всушност, го спречува формирањето на чирови предизвикани од индометацин, аспирин и други слични супстанции.