NUTRISSLIM

Image NUTRISSLIM

 

Image

 

Органски Male power

додаток на исхрана. 125г 

Органски производ без адитиви и погоден за вегани.

Овој производ е посебно наменет за мажи и претставува единствена комбинација од мукуна пруриенс, лукума, мака, кордицепс, шеќер од кокосова палма и цимет во прав. Мукуна пруриенс во составот  на мешавината придонесува за зголемување на нивото на природниот тестостерон и хормонот за растење, а со тоа и можноста за зголемување на мускулната маса. Исто така придонесува и за зголемување на енергијата, плодноста кај мажите и го подобрува либидото. Циметот е познат по своето дејство на метаболизмот на шеќерите, а лукумата и шеќерот од кокосова палма како природни засладувачи со низок гликемичен индекс дополнително придонесуваат за одржување на енергетска виталност.

Препорачана дневна количина: 5g (1 лажичка) на ден. Размешајте го во Вашиот омилен пијалак.

Image

 

Органски Female power

додаток на исхрана125г 

Органски производ без адитиви и погоден за вегани.

Оваа мешавина посебно е наменета за жени поради комбинацијата на состојките, а тоа се: мукуна пруриенс, аспарагус, шизандра, мака, шеќер од кокосова палма и цимет во прав- Аспарагусот придонесува за нормално функционирање на репродуктивниот систем кај жените, одржување на хормоналниот баланс, нормализирање на менструалниот циклус, олеснување на симптомите на предменструален синдром и помага при состојби на неплодност. Мукуна пруриенс придонесува за регулирање на менструалното крварење,  а маката придонесува за зголемување на либидото и одржување на менталната енергија.

Препорачана дневна количина: 5g (1 лажичка) на ден. Размешајте го во Вашиот омилен пијалак.

Image

 

Anti-Age супер микс

додаток на исхрана125г 

Природен производ без адитиви и погоден за вегани.

Формула против стареење со козинец, органско семе од чиа, органски He shou wu и мескито дрво во прав. Супермешавина со козинец кој придонесува во процесите против стареење, го зајакнува имунолошкиот систем и неговата функција, придонесува за регулирање на нивото на шеќер во крвта, како и крвниот притисок. Со своето силно антиоксидантно дејство, оваа формула придонесува во спречување на формирање на слободни радикали и ги штити клетките од оштетување предизвикано од оксидативен стрес, со што на природен начин го одложува стареењето. Научниците имаат обичај да кажат дека нашето тело со текот на времето согорува, односно старее поради оксидативниот стрес.

Image

 

Органска печурка реиши во прав

додаток на исхрана125г 

Печурката Реиши во Кина е позната под името Lingri. Тоа е полипорна печурка и карактеристиките главно се однесуваат на видот Ganoderma lucidum. Според сите научни сознанија, реиши печурките навистина се лекот на кралевите. Се користи повеќе од 2000 години во традиционалната кинеска медицина. Според некои научни студии се смета дека ги спречува метастазите на ракот, а поседува и антибактериски и антивирални својства. Исто така, придонесува за инхибирање на тромбоцитната агрегација, за намалување на високиот крвен притисок, холестерол и шеќерот во крвта, за нормално функционирање на организмот и нормално функционирање на имуниот систем. Во Кина, Јапонија, Кореја и Тајван се користи како популарен лек за третман на широк дијапазон здравствени нарушувања како: хепатитис, зголемено ниво на холестерол и карцином на желудник. Голем број на доктори во овие делови на светот редовно ја користат оваа печурка во комбинација со лекови, а понекогаш дури и како замена за докажани и одобрени фармацевтски производи, особено при терапија на тешки состојби како што се: автоимуни нарушувања, карцином, СИДА и др. Покрај тоа поради благопријатниот ефект врз нервниот систем оваа печурка традиционално ја употребуваат и за релаксација, медитација и за подобро справување со стресот. Препорачана дневна количина: 1-3 лажички дневно.

 

Image

 

Печурка маитаке во прав

додаток на исхрана125г 

Природен производ без адитиви и погоден за вегани.

Придонесува во регулирање на синтезата на инсулин, го стабилизира нивото на холестерол и помага за побрзо согорување на мастите. Поновите истражувања покажаа дека оваа печурка може да ја подобри функцијата на имунолошкиот систем преку стимулирање на клеточниот имунитет. Може да ги активира Т-клетките на имунолошкиот систем, кои имаат значајна улога во уништување на страните тела во организмот вклучително и канцерогените клетки. Некои истражувачи тврдат дека овој вид печурка има антивирусни својства, а  може да е корисна и за лица кои имаат проблем со дијабетес, висок крвен притисок, холестерол и прекумерна телесна тежина.

 

Image

Органско брахми во прав

додаток на исхрана125г 

Органски суров производ без адитиви и погоден за вегани.

Брахми (Bacopa monieri) е ајурведска билка која го добила името по Богот Brahma кој е еден од трите богови на хиндуистичкото свето тројство, кој според верувањата на хиндусите е творецот кој што го создал светот и сите живи суштества. Резултатите од  научните истражувања покажуваат дека делува на подобрување на когнитивните функции (внимание, меморија, говор, визоперцепција и брзина на размислување), односно придонесува за одржување на меморијата и концентрацијата. Според некои студии брахми поседува и антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Традиционално се употребува во индиската ајурведска медицина, а особено е популарен меѓу студентите поради подобрување на способноста за одржување на меморијата.

Препорачана дневна количина: 3-5g на ден се додава во вода, сок, смути или јогурт. Препорачаната количина може и да се распореди во тек на целиот ден.

Image

Органска лушпа од семе на индиски тегавец во прав

250г 

Органски суров производ без адитиви и погоден за вегани.

Лушпата од семето на индиски тегавец (Plantago ovata) содржи голема количина на растителни влакна (77.7g на 100g производ), кои во контакт со вода набабруваат и го зголемуваат својот волумен создавајќи желатинозна смеса без да се ресорбираат од човечкиот организам. На таков начин придонесува во регулирање на дигестијата и во контрола на нивото на холестерол во крвта. Некои научни студии покажуваат дека придонесува во контрола на глукозата, поради што може да се вклучи во диета кај лица кои имаат проблеми со регулирање на шеќерот во крвта.

 

Препорачана дневна количина: размешајте 1 супена лажица во 200ml вода и испијте го неколку минути пред оброкот. Без готвење може да се користи и за згуснување на кремови и сирови десерти.

Image

Органско мелено ленено семе

200г 

Суровото семе од лен (Linum usitatissimum) освен што е извор на протеини, содржи и  омега 3- масни киселини и голема количина на растителни влакна. Придонесува во подобрување на дигестијата. Лигнаните присутни во семето придонесуваат за одржување на нормална функција на цревата. Резултатите од некои научни истражувања покажуваат дека употребата на лененото семе кај жените во постменопаузалниот период го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања, бидејќи придонесува во намалување на нивото на лошиот холестерол. 

Image

Органски спанаќ

330г 

Органскиот спанаќ спаѓа во категоријата на производи кои се подготвени за да можат веднаш да се консумираат. Во својот состав содржи само спанаќ и морска сол. Општо познати се нутритивните вредности на спанаќот, а ако се земе во предвид дека станува збор за органски спанаќ тогаш сигурно е непроценлива вредноста од неговата употреба.

Image

Органски наут во сос од домати

350г 

Вкусен оброк и единствена комбинација на македоснкиот пазар кој се состои од: наут, концентрат од домати, гликозен сируп, морска сол, оцет, црвен пипер, кромид во прав, оригано, лук, босилек и вода.  Вкусно, органско и практично!

Image

 

Органски кечап засладен со агаве

320г 

Производот содржи само природно присутни шеќери. И овој производ по својот состав е единствен на македонскиот пазар. Органски и засладен со агаве сируп. Во својот состав содржи: паста од домати, оцет, агаве сируп, оризово брашно, морска сол, пектин, кромид во прав, лук, пиперка во прав, вода. Од сега вкусот на органските тестенини нашите потрошувачи ќе можат да го збогатат со овој единствен органски кечап.

Image

Органски путер од кикиритки

250г 

Органски производ кој претставува извор на протеини. Се состои од органски кикиритки.

Уште еден производ од категоријата на слатки вкусови.