NUTRISLIM

Image NUTRISLIM

 

Image

 

Органска куркума во прав, 150g

 

Куркумата припаѓа на фамилијата на растенија во која е и ѓумбирот. Нативна е за југоисточна Азија, а главно се култивира во Индија, каде многу е употребувана како зачин во исхраната. Со интересот на научниците за ова растение во последните години се зголемува и бројот на научни студии со кои се докажуваат здравствените бенефити врз човечкото здравје кои ги носи неговата употреба. Главната активна компонента на куркумата е природниот полифенолен флавоноид - куркумин. Токму на него се должат многубројните фармаколошки својства на куркумата. Таа поседува противвоспалителни, антиоксидантни, антивирусни, антифунгални својства, како и позитивни својства во случај на инфекции со протозоа. Некои студии на животни укажуваат дека куркуминот го инхибира развојот на ракот на желудник и врши супресија на миграцијата на малигните клетки кај глиобластом кој е еден од почестите видови на рак на мозок кај возрасни. Други истражувања пак покажуваат дека куркуминот поседува невропротективно својство што го прави сериозен кандидат при третирање на Паркинсоновата болест.

Куркумата придонесува исто така за одржување на здравјето на црниот дроб и нормалната функција на срцето. Препорачливо е да се зема во комбинација со масти (пр.сурутка). Може да се користи и како зачин.