NUTRISLIM

Image NUTRISLIM

 

Image

 

Лист од гинко билоба во прав, 125g

Додаток на исхрана

 

Дрвото гинко билоба (Ginkgo biloba), наречено од Дарвин „жив фосил“ датира уште од пред 250 милиони години. Во традиционалната кинеска медицина се користи 5000 години, а е опишано е во првата позната кинеска фармакопеја. Во последниот век сѐ повеќе се користи во Европа и САД, главно листот како додаток во исхраната или како хербален лек. Листот од гинко билоба содржи голем број на фитохемиски соединенија: алкани, липиди, стероли, бензеноиди, каротеноиди, фенилпропаноиди, јаглехидрати, флавоноиди и терпеноиди. Главната состојка се флавоноидите: моно, ди и тригликозидите и естрите на кумаринската киселина, кампферол и кверцетин, како и карактеристичните гинкголиди А, В, С, Ј и М и лактонот билобалид. Во клиничките студии гинко билоба се покажал како ефикасен во подобрување на когнитивните функции. Во повеќето спроведени студии е забележано подобрување на симптомите на церебрална инсуфициенција, што се добива со позитивно делување на макро и микроциркулацијата. Кај учесниците во студиите е забележано значително подобрување на физичка издржливост и можност за пешачење, без присуство на болка. Од друга страна, гинко билоба се одликува со исклучително ниска токсичност и штетни ефекти, во рамките на препишаниот начин на употреба. Препорачана дневна количина: 3-6g (1-2 лажички) на ден. Се меша во вода, чај, јогурт, смути, сок од зеленчук или овошје.

Image


Органски антицелулитен пилинг за тело, од кафе, 200g

(Johnny Organic SUPER SCIN FOOD)

За мека, хидрирана и нежна кожа !

 

Земајќи го во предвид фактот дека се наближува периодот на летни одмори, се одлучивме на македонскиот пазар да го донесеме овој уникатен органски производ. Антицелулитниот пилинг за тело е 100% природен и органски производ кој во својот состав содржи: кафе во прав од најквалитетните зрна на кафе арабика,  кокосово масло, масло од бадем, масло од семе на мелија или ним  и лист од мелија во прав (Melia azadirachta), токоферил ацетат, масло од цвет на пеларгониум и природни есенцијални масла  (цитронелол, гераниол, линалол, цитрал, лимонен). Ваквиот богат состав на антицелулитниот пилинг му дава одлично хидратантно, регенерирачко и ексфолијантно дејство.

Мелија (ним) е растение од Индија кое со векови традиционално се користело при појава на сува кожа, акни, целулит и стрии. Производот не содржи конзерванси и вештачки адитиви и е наменет за употреба на кожа со целулит, стрии и акни кај возрасни лица.

Начин на употреба: Се нанесува на мокра кожа на телото, се остава да делува 5 минути и се измива. Пред првата употреба се препорачува тестирање на мала површина од кожата.