NUTRISLIM

Image NUTRISLIM

 

Image

 

NATURE`S FINEST - Органско сушено манго, 40g

 

Сушено манго во парчиња е органски сертифициран производ и содржи само природно присутни шеќери без додаден шеќер. Содржи големо количество на растителни влакна и погодно е за вегани.

Може да се користи самостојно или како додаток на житарки, овошни салати, смути, мармалад.

Мангото (Mangifera indica) е многу значајно растение во ајурведската медицина повеќе од 4000 години.

Претставува едно од најпопуларните тропски овошја кое во тропските региони се користи и во домашната медицина. Се користат речиси сите делови од ова растение на различни начини.

Плодот на мангото во својот состав содржи протеини, масти, шеќери (глукоза, фруктоза, сахароза), растителни влакна, витамин А, витамин Ц, бета каротен, калциум, железо, аминокиселини (метионин, триптофан и лизин). Активни компоненти кои се застапени во мангото се: плофеноли, флавоноиди и органски киселини, тритерпеноиди, а главната биоактивна компонента е мангиферин (ксантон гликозид) на која се должат речиси сите својства на мангото по кого и го добила името.

 

Уживајте во вкусот и бенефитите на тропското манго!

Image

 

NATURE`S FINEST - Органски кокочоко чипс, 40g

Засладен со агаве сируп и кокосов шеќер. За сите љубители на кокос и чоколадо!

Печен чипс од кокос со вкус на чоколадо е органски сертифициран производ кој содржи  големо количество на растителни влакна и е погоден за вегани.

Во својот состав содржи органски: кокосов чипс (Cocos nucifera) 80%, агаве сируп, шеќер од кокос, какао во прав 5% и кокосово масло.

Кокосовиот чипс се добива од дехидрираниот месест дел (ендосперм) на кокосовиот плод, кој е еден од најупотребуваните тропски плодови кои ни се денес познати.

Кокосовиот чипс е производ погоден за сладокусците и љубителите на кокос и чоколадо, кои имаат активен и динамичен живот. Дехидриран и во практично зип пакување погоден е за деца и возрасни и за сите прилики.

Може да се користи самостојно или како додаток во микс од грицки, житарки, јогурт, смути, мармалад или салати.