NUTRISLIM

Image NUTRISLIM

 

Image

Органска мака во прав, 100g

 

Веќе илјадници години, коренот на мака се користи од страна на човекот поради своите исклучителни својства. Maкaта е растение со потекло од Андите, на територија на денешна Боливија и Перу, и расте на надморска височина помеѓу 2400 и 4400 метри. Според легендата, Инките им давале на своите воини прав од корен од мака , со цел да се зголеми нивната сила и издржливост.

Денес е познато дека тајната на нејзиното дејство се крие во бројните активни супстанции кои ги има во својот состав. Научниците ја вбројуваат во категоријата на адаптогени средства кои придонесуваат за подобро приспособување на телото кон надворешните услови. Како адаптоген, ја зголемува физичката издржливост и отпорност на стрес, анксиозност, траума и исцрпеност.

Коренот на мака содржи витамини Б1, Б2, Б12 и Ц, микро и макро хранливи материи, танини, натриум, калиум, калциум, бакар, цинк, железо, манган, силициум и магнезиум. Маката е еден од производите кои се користат од страна на многу врвни спортисти. Ги ублажува симптомите на менопауза – промени во расположението,  нарушувања при спиењето и слично. Според една многубројните научни студии констатирано е дека маката има поволно дејство и при производството на сперма и зголемувањето на волуменот на сперма. 

Image


Органски корен од ѓумбир во прав, 100g

 

Коренот од ѓумбир (Zingiber officinale) е тропско растение кое што расте и до метар во височина, а коренот му е месест и дебел со пријате мирис на лимон. Може да се користи како свеж или во прав. Придонесува во зајакнување на одбранбени механизми на организмот, во одржување на енергијата/виталноста на организмот, како и во спречување на чувството на мачнина при патување на копно или морска болест. Во народната медицина традиционално се користи при дијареа,  ревматизам, кашлица, мигрена и  грип, против воспаление, за облоги против  отоци, грчеви, за намалување на болките во мускулите. Ја подобрува циркулацијата  и меморијата, делува како благ афродизијак. Тој е моќен антиоксидант. Може да се користи како зачин за слатки или солени јадења.

Можете да го додадете и во Вашиот омилен пијалок.

 

Image

 

Органски мача зелен чај во прав, 70g

 

Префинет вкус и врвен квалитет!

Мача (Camellia sinensis) во прав се добива од листовите на зелен чај, одгледан во посебни услови и соодветно обработен: се одгледува во сенка, а пред обработката се отстранува лисната нерватура (жилички). Во Јапонија се користи традиционално со векови, најчесто при церемонии. Будистичките монаси пак го користат при своите целодневни медитации. Содржи 10.5 g катехин на 100 g. Катехинот е моќен антиоксидант, кој ги штити клетките од оксидативен стрес. Покрај тоа е и одличен извор на витамин Ц, кој исто така поседува антиоксидантни својства. Катехинот поволно делува на зголеменото ниво на шеќер и холестерол во крвта и во регулирање на телесната тежина. Л-теанинот кој исто така е присутен во мачата помага во зголемување на когнитивните функции и е одлична замена за кафеинот.

Може да се конзумира како топол или ладен пијалок.

3g (една чајна лажичка) се меша во малку ладна вода, потоа се додава врела вода и повторно добро се меша. Може да се додаде и во смути.