NUTRISLIM

Image NUTRISLIM

 

Image

 

Органски шатавари во прав, 125 g

додаток на исхрана

 

Органски сертифициран производ кој е погоден и за вегани. Шатавари (Asparagus racemosus) е вид на ползечко растение кое расте во Шри Ланка, Индија и на Хималаите. Името “Shatavari” или жена  која има 100 мажи го добило поради подмладувачкиот ефект што го има на женските репродуктивни органи. Во ајурведската медицина се користи при дијареја и дизинтерија, проблеми со варење на храната, главоболки, кашлица, за зголемување на лактацијата кај доилки, реума и проблеми со желудникот. Покрај адаптогеното својство, шатавари е повеќе познат по своите фитоестрогени карактеристики поради што се препорачува да се употребува во постменопаузалниот период. Биолошки активни компоненти на шатавари се стероидни сапонини. Покрај тоа содржи витамини (А, Б1, Б2, Ц, Е и фолна киселина), минерали (калциум, фосфор, калциум, железо), есенцијални масла, амино киселини (тирозин, аргинин), флавоноиди (кемферол, кверцетин и рутин), смоли и танини.

Препорачана дневна количина е 3-10g (1/2 до 2 лажички) на ден. Се меша во чај, топло млеко, вода, јогурт или сок, така што наведената количина ќе се распореди во тек на целиот ден.

Image

 

Мескито во прав, 125 g

 
Мескито во прав се добива од семето на растението мескито, кое расте во југозападниот дел од САД, Јужна и Централна Америка и на Карибите. Спаѓа во фамилијата на мешункасти растенија чија мешунка е богата со природни шеќери (46-52%), протеини (35 % во семето и 10-18% во мешунката) во кои доминантна аминокиселина е лизинот (18.8%), фенолни компоненти, стероиди, танини, галактоманан, витамини и минерали. Во традиционалната медицина се користи при настинка, суво грло, сипаници, воспаленија и за зараснување на рани. Има сладок вкус кој што е сличен на јаткастите плодови и широко се употребува во разни видови храна и пијалаци. Се препорачува како замена за белиот шеќер.