NUTRISSLIM

Image NUTRISSLIM

Органски семки од кајсија

Органски сертифициран производ

 

• Погодно за вегани

• Без глутен

 

Семките од кајсија (Prunus armeniaca), кои се внатрешниот, мек дел о семките, познати се и како “бадеми од кајсија“ или “горчлив бадем“. Еден од најмоќните природни антиоксиданти, богати со омега-3 и омега-6, протеини, растителни влакна и витамин Б17.

Препорачана дневна количина: 2 семки на ден, 1 наутро и 1 навечер. Може да се земат цели или да се сомелат во прав, натопени во мед,  во салати или во блендиран пијалак.

 

Органски корен од ашваганда во прав

Додаток на исхрана

 

• Погодно за вегани

• Без глутен

 

Ашваганда (Withania somnifera) е еднa од највиталните билки која се користи во Ајурведа, а нејзината употреба за различни состојби, пред сè поради балансирачките својства е позната уште од античко време. На санскрит ашваганда значи „мирис на коњ“, што укажува на енергијата и силата која ја носи растението. Ашваганда е ајурведска адаптогена билка која придонесува во адаптација на организмот и одржување на младешката виталност.

Препорачана дневна количина: 3g (1 лажичка) на ден се меша во сок, смути или јогурт.

 

Печурка Чага во прав

Додаток на исхрана

 

• Природно

• Погодно за вегани

• Без глутен

 

Името на печурката Чага (Inonotus obliquus) доаѓа од називот кој оваа печурка го има во рускиот регион западно од Уралските плании. Во Сибир е позната како печурка на бесмртноста. Во Јапонија е позната какодар на боговите, додека пак во Кина е позната како кралица на растенијата.

Има висок ORAC збир (мерка за антиоксидантни својства), повисок од било кое познато овошје или зеленчук (околу 40,000 на 1mg), поради што е значајна во неутрализирање на штетното дејство на слободите радикали.

Препорачана дневна количина: околу 5-10 g на ден. Се подготува чај, така штосе додава чага во прав во врела вода, се остава да стои 10-15 минути и се конзумира. Исто така може да се додаде и во смути.

 

Органски корен од Rhodiola rosea во прав

 Додаток на исхрана 

• Погодно за вегани

• Без глутен

 

Rhodiola Rosea, уште позната како „Златен корен“ обично расте во студените региони на високите планини. Главно се користи коренот од ова растение, кое има долга историја на употреба. Русите го користат со векови за да се справат со студеното време.

Родиолата придонесува за адаптација на организмот и помага при стресни состојби.

Препорачана дневна количина: 1 g, еднаш до двапати дневно. Се меша со вода и се зема пред оброк.