PHARMALIN

Image PHARMALIN

PHARMAVITAL

PharmALIN, 350 mg- лук во капсули

Една од најдрагоцените намирници на нашата планета  во форма на капсули!

Лукот (Allium sativum) е често употребувана намирница во исхраната како составна компонента на многубројни вкусни рецепти или како зачин. Познат е уште од античко време како ценето медицинско растение. Старите египќани им давале лук на робовите за време на градењето на пирамидите за да бидат поиздржливи. Во текот на историјата, за време на војни кога имало недостиг на храна, лукот бил значајна намирница и лек против многу болести. Постојат многу научни податоци за направени истражувања кои покажуваат дека лукот поседува голем број на фармаколошки активности како што се: намалување на крвниот притисок, намалување ЛДЛ или лошиот холестерол во крвта, намалување на триглицеридите, инхибиција на агрегација на тромбоцитите, поседува кардиопротективно својство, делува антибактериски и антифунгално, поволно делува при појава на настинки и ја подобрува одбрамбената способност.

Неговите многубројни фармаколошки својства се должат на присуството на неколку активни компоненти: алицин, алин, диалил дисулфид, S-алил цистеин и диалил трисулфид органосулфурни компоненти. Токму алицинот кој е една од најиспитуваните компоненти на лукот е одговорен за неговиот  карактеристичен мирис.

PharmALIN капсулите на PharmaVital содржат 350 mg високо квалитетен лук во прав кој содржи специфична состојка алицин, со позитивна идентификација на диалил дисулфид. Алицинот се ослобудува во стомакот со што се избегнува непријатниот вкус на лукот. Свеж лук од 2-4 g одговара на 600 – 900 mg лук во прав.